Филмот „250 скалила“ единствен со две награди од 167 учесници

​Прва награда во категоријата и награда за дебитантски филм.

Филмот “250 скалила“, снимен по идеја на Живко Здравкоски, поранешен македонски активен спортски новинар, е единствениот филм кој доби две награди во конкуренција на 167-те филма кои беа прикажани на 36. “Светско првенство на Телевизија, кино, култура, спорт и комуникација“), во организација на ФИЦТС, што се одржа од 14 до 19 ноември во Милано.

Првата награда (“Guirlande D’Honneur”) во категоријата (една од вкупно девет категории) “Документарец – Тимски Спорт“ ја добија филмовите посветени на кошарката “Сеуште жив“ од Франција (“Sempre vivens” – “Сеуште живи“) и „250 скалила“.

Единствено во оваа категорија, “Документарец – Тимски Спорт“, беа доделени две први награди - тоа на Живко Здравкоски денеска му го потврди Енцо Капиело, член на Бордот на директори на ФИЦТС и Почесен Генерален Секретар на ФИЦТС. Капиело додаде дека имаше многу добри филмови и дека во другите осум категории беше доделена по една прва награда.

Другата награда, онаа за дебитански филм (“Prima Opera – Enrica Speroni“) која е во чест на покојната поранешна новинарка на “Ла Газета дело спорт“, филмот “250 скалила“ ја доби на доделувањето на наградите на победниците.

Филмов доби голем публицитет во најстариот светски спортки дневен весник, “Ла Газета Дело спорт“ кој е основан во 1896 година и чиј новинар Андреа Този (тој известуваше од ЕП во Австрија во 1986 до и од групната фаза на СП во Бормио 1987 г. на кои две првенства победи оваа генерација на СФРЈ) му посвети голем простор со две слики од Кукоч во бројот од саботата (17 ноември).

На ова финале на Светското првенство (“World championship final”), претходеа 16 квалификациски фестивали на 5 континенти, од кои еден беше во Златибор (Србија) во јуни каде Гран-При наградата ја освои “250 скалила“ кој на Златибор победи во конкуренција на 50 филмови од 22 земји. Вкупно беа во конкуренција 970 филмови во оваа 2018 година, а на СП во Милано се квалификуваа 167 филма.

Продуценти на “250 скалила“ се “ПГМ Нетворк“ и “Спортнетворк“ од Србија. Продуцент е Директорот Радован Максимовиќ. Автор е Владимир Пајиќ, режисер Владимир Курчубиќ.

Филмот е посветен е на подготовките и настапот на најталентираната генерација во историјата на светската кошарка која го освои младинското СП во Бормио, Италија, во 1987 година. Според многумина, оваа генерација е најдобра во историјата на светскиот спорт воопшто. Селектор беше сегашниот тренер на Барселона Пешиќ, а генерацијата ја предводеа покерот асови и идни НБА членови: Александар Ѓорѓевиќ (кој во четвртокот беше избран во “Куќата на славните“ на ФИЦТС) и другите три НБА звезди Раѓа, Кукоч и Дивац.

Хуманитарен концерт во сеќавање на Климентина Рафајловска

Во Салон 19:19 во Скопје вечерва ќе се одржи концерт во сеќавање на Климентина Рафајловска (1977-1994), која била ученик на пијано и харфа во училиштето „Илија Николовски-Луј”.

На програмата ќе бидат изведени дела од композиторите Сен Санс, Равел, Буланже, Штолцел, Пијацола, Хенсон, Капле, Форе и Шостакович.

На концертот ќе учествуваат музичари од нејзината генерација, Ема Абаџиева – обоа, англиски рог, Весна Ангелова Христов – пијано, Орце Ицковски – фагот, Гордана Јаневска – виолина, Тереза Крцоска – виолина, Јанинка Невчева – пијано, Јулија Нелковска – виолина, Надежда Рубен – сопран, Боро Станковски – виола, Елена Стојческа – флејта, Дарко Трајковски – виолина, Мерсиха Шукри – харфа.

Соученичката на Рафајловска, Мерсиха Шукри, која е единствената харфистка во земјава во изјава за МИА вели дека целта, меѓудругото, е и да се подигне свеста и поддршката за болните од рак.

- Климентина Рафајловска ни беше соученичка во музичкото училиште. За жал, за кратко време нѐ напушти, се разболе од леукемија. Оваа година се навршуваат 30 години од нејзината смрт. Во таа чест, генерацијата се собравме да одржиме концерт во нејзина чест. Воедно, да ја подигнеме свеста и поддршката за сите заболени од лошата болест, вели Шукри, додавајќи дека животот е непредвидлив и затоа е потребно многу повеќе љубов и разбирање.

Човекот е покршлив од стаклото и многу малку е свесен дека секому може да му се случи, вели Мерсиха Шукри.

Во чест на Рафајловска, од 1995 до 2008 година беше доделувана наградата „Климентина Рафајловска” за првенец на генерација, од страна на истоимената Фондација. Меѓу добитниците на оваа награда се и Симон Трпчески, Ирина Наумовска, Никола Атанасов, Александар Краповски и други.

Средствата собрани со продажба на билетите и од донаторската кутија, ќе бидат донирани на Здружението посветено на пациенти болни со рак и нивни негуватели ХЕМА-ОНКО, а наменети за потребите на пациентите на Универзитетска клиника за хематологија.

Единаесет лица се повредени во сообраќајка на бугарски автобус во Турција

Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.

Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.

На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.

Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници. /МИА

Сообраќајот тековно и без застои

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

притисни ентер