Фото: Кортни Кардашијан не се одвојува од 19 години помладиот манекен Лука

Најстарата сестра од кланот Кардашијан 39 годишната Кортни  во Лос Анџелес е фотографирана во друштво на 19 години помладиот манекенк Лука Сабато.

Кортни и Лука биле дел од свеченоста „ lacma art and film gala". Сите пристуни нас оваа гала свеченост биле облечени во црни комбинации.

Според медиумите Кортни и Лука засега се само пријатели, но опоменува љубовното минато на реалити ѕвездата. Позната е склоноста на Кортни кон многу помладите момчиња, до неодамна таа беше во врска со 13 години помладиот Јунес Бенџин. Секако Кортни е „слаба“ и на манекени што значи дека Лука ги има двата главни адута за освојување на популарната старлета.

Инаку со Кортни на церемонијата во Лос Анџелес беше и нејзината сестра Ким Кардашијан Вест, која исто така носеше облека во црна боја. Лесен црн фустан со длабоко деколте кој ги истакна нејзините бујни гради.

Сепак, неизбежен бил впечатокот дека со лицето на Ким нешто не било во ред. Најверојатно најпознатата сестра Кардашијан претерала со ботоксот и сличните третмани и изгледа прилично отечено во лицето.

Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост

Врховен го укина притворот на Александар Ѓорчевски,  таткото на убиената Вања Ѓорчевска и му определи куќен притвор и мерки на претпазливост..

Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања заминува во домашен притвор. Врховниот суд ја уважи неговата втора жалба против мерката притвор во предметот за убиството на неговата ќерка. Ова решение доаѓа неколку часа по денешната јавна седница, на која тој повторни низ солзи побара да ја дознае вистината за убиството на неговата ќерка.

„Се соочувам со апсурдни обвинувања до апсолутност. Во моментите кога не можев да пуштам ниту глас, ниту солза, бев обвинуван во полициска станица и тоа за работи што не ми се јасни и не ги разбирам. Ми одзедоа се. Не сум веќе ни родител ни татко, ехо од човек остана од мене. И јас водев моја истрага. Би сакал да го дознаам идентитетот на луѓето што го направија ова и сите тие се подеднакво виновни.“

Бранителот на Ѓорчевски, адвокатот Владимир Туфегџиќ информираше дека бил вештачен и мобилниот уред на Ѓорчевски, но засега нема информации до каде е постапката. Тој посочи и дека осомничениот не би можел да се даде во бегство бидејќи пасошот не му е важечки. Дополнително, Туфегџиќ во име на семејството на Ѓорчевски поднел и барање до Центарот за социјална работа, бидејќи тој немал контакт со неговата друга ќерка.

„ Трагичната судбина на овој човек, покрај тоа што го има загубено детето, неговата трагична судбина е во добра мера инспирирана од онаа несреќна и непрофесионална прес-конференција на тогашниот министер за внатрешни работи кој изнесе непроверени наводи, кои беа во јавноста пласирани во форма на обвинение и осудителна пресуда“, додаде Туфегџиќ

Александар Ѓорчевски е во притвор од 3ти декември кој го отслужува во затворот во Шутка. Тој е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка. За првоосомничениот Љупчо Палевски се чека екстрадиција од Турција, а осомничени се и уште три лица кои моментално се во притвор.. Тој прв пат побара притворот да му биде заменет со куќен минатиот месец, но тогаш Врховен ја одби жалбата.

Разочараност во СДСМ, но со порака дека нема да се откажат

Тивко и без вообичаена еуфорија – вака беше во штабот на претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски, кој битката ја продолжува во вториот круг...  

Тивко и без вообичаената изборна еуфориј беше синоќа во изборниот штаб на претседателскиот кандидат од СДСМ, Стево Пендаровски. За разлика од минатото, овојпат најбројни во салата на хотелот „Александар Палас“, беа новинарските екипи, домашни и регионални, како и малкумина поддржувачи кои ги чекаа изборните резултати од првиот круг на претседателските избори.

Пендаровски и Ковачевски излегоа на засебни прес-конференции на кои и двајцата не го криеја разочарувањето. Прв се обрати актуелниот претседател, за кого иако резултатот бил далеку од очекуваниот, порача дека нема да се предаде. Најави дека од денеска почнува од нула, со средби со граѓаните, за да го промовира концептот во кој верува, а тоа е напредна, просперитена и европска Македонија. Пендаровски беше дециден дека нема да бара никаков договор со ниту еден политички субјект или со кандидат од оние кои не продолжуваат во вториот круг за, како што рече, механичко префрлање на гласовите.

„Граѓаните не сум ги подразбирал како колективна група или аморфна маса која некој ќе им каже да ги префрлаат или да не ги префрлаат гласовите. Ќе одбијам каков било обид за нудење на квантум или контингент на гласови. Тоа е понижување на граѓаните. Тие се засебни политички единки. Но, имаат и свое јас. Имаат свој образ. Не можам да ги поимам тие категории, во смисла овој ќе ми понуди 30 илјади гласови, а од овој ќе побарам 50 илјади гласови. Туѓо ми е. И 2014 и 2019 година не го правев тоа. Граѓаните кои гласаа за мене не беа натерани од никого, туку веруваат во концептот кој го нудам, изјави Пендаровски.

За лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски резултатите од првиот круг се јасна порака дека казната од граѓаните стигнала. Како што кажа, поразот го прифаќаат, но од борбата не се откажуваат. Лична одговорност за лошите резултати вели чувствува и не бега од неа, а дали ќе поднесе оставка ќе зависи од партиските органи и исходот од изборите на 8-ми мај.

„Јас сум човек кој никогаш не бегал од одговорност. Ова е само прв круг, во вториот круг очекуваме подобри резултати. Што ќе се случува после избори, одлучуваат партиските органи. Имаме втор круг од претседателски избори и парламентарни избори пред нас. По тие резултати ќе се разговара на Конгресот на партијата. Ова прашање ќе ми го поставите после две недели, а може и нема да мора да ми го поставите… Ако може некој да биде одговорен, иако 2 години од седум бев претседател на Владата и на партијата истовремено, во оваа сала, тогаш единствено јас можам да бидам одговорен, никој друг, порача Ковачевски.

Инаку, ова е првпат во историјата претседателскот кандидат на СДСМ во првиот круг да освои помалку од 200 илјади гласови. Досега, најслаб резултат социјалдемократите имаа во првиот круг од претседателските избори во 2009 година, кога тогашниот кандидат Љубомир Фрчкоски освои 202.000 гласа, а најмногу гласови во прв круг има освоено Киро Глигоров во 1994 година, повеќе од 715.000 гласови. Пендаровски на претходните претседателски избори во 2019-та освои 322.000 гласови во првиот круг, а во вториот 435.000.

Силјановска победи во 60 општини, Пендаровски во 2, Османи во 16,Таравари и Димитриевски во 1

Според официјалните резултати од ДИК од речиси сите преборојани гласови по вчерашниот прв круг на претседателските избори, разликата меѓу Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски е 180 илјади гласа во корист на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ.

Двојна предност на кнадидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордна Силјановска Давкова пред кандидтот на СДСМ Стево Пендаровски е резултаатот од Првиот круг од претседателските избори.

Од 99,85 проценти од преброените галсови во ДИК, Силајносвка освои над 40 проценти од гласовите – 362,682, додека за Пендаросвки галсале скоро 20 процети од галсачите, односни 180,306.

На трето место е канидатот на Европскиот фронт предводен од ДУИ, Бујар Османи, според податоците на ДИК, освои на 120 илјади галсови. Зад него е Максим Димитреивски од движењето ЗНАМ со над 83.700 овоени гласови, кој предничи со околу 400 гласови пред кандидатот на ВРЕДИ Аребн Таравари, за кого гласале околу 83.300 гласачи. Кандидатката на Левицаа Билјана Вакновска во Првиот круг освои над 41.000 галсови, а последен е Стевчо Јакимовски од ГРОМ со нешто над 8.000 гласови.

Кандидатката на ВМРО-ДПМЕ како што може да се види од оваа мапа води во

буквално сите општини од Источна Македонија и во општините од Југозападот на државата и во скопксите општини, освен во општината Чаир.

Во Битола Силканосвка освоила 21.000 наспроти 11.000 галсови за пњндаровски.

Во Охрид разликата е најголема, скоро тројна предност, односно 14.000 галсови за Силјаниовска, а нешто над 5.000 галсови за кандидатот на СДСМ, Пендаровски.

Двојна предност во Првиот круг Силјановска има и во Прилеп – 18.000 наспроти 9.000 гласови во однос на Пендаровски.

Повеќе од двојна е предноста на Силајновска пред Пендаровски во Штип – 12,000 наспроти 5000 илјади гласови.

Скоро идентитичен е резултататот и во Велес, 12.000 напроти 5.000 гласови за Силјановска пред Пендаровски.

Во Струмица разликата е помала 11.000 напроти 9.000 галасови водство на Силјановска Давкова.

Единствените две општини каде што повеќегалсови освоил каниодатот на СДСМ Пендаровски се Крушево и Маврово – Ростуша.

Во Крушево кандидатот на СДСМ освол над 2000 галсови наспроти 1.700 колку што освоила Силјановска

во Маврово – Ростуша каде Пенаровски предничи со 50 тина галсаови пред Силјановска -1.090 наспроти 1,030 гласови.

Во Куманово убедлива најголем број галсови освои Максим Димитриевски – канидатот на Движењето ЗНАМ – со анд 14.00 освоени галсови, или повеќе од двојна предност пред кандатот а Европскиот фронт Османи и двојна предност пред канддатот на СДСМ пендаровски. Силјаносвка во Куамново добила поддршка од речиси 12.000 гласачи.

Во албанскиот блок во претседателската трка кандидатот на Европскиот фронт предводен од ДУИ освои повеќе галасови од Таравари во 16 општини.

Интересни се реазултатите во СТРУА каде Османи освои над 8.000 галасови и е во речиси тројна предност пред таравари. Силјановска Давкова е втора со нешто над 5.000 галсови.

Скоро изедначени резултати во трката помѓу Бујар Османи и Арбен Таравари во Тетово, каде во балга предност е кандидатот на Европскиот фронт – со 14.700 наспроти, 14.030 галсови кои ги освоил кандодатот на албанската опозиција ВРЕДИ.

А скоро иста е сликата и во Гостивар, но во оваа општина во водство е Тараври со 70-тина галсови повќе од неговиот против кандидат Османи.

Со оглед на тоа што ниту еден од седумте претеседателски кандидати не успеа да обзбеди мнозинство галсови во Првиот круг од претседателските изботи – ќе се одржи и Втор круг на 8 мај, кога уште еднаш силите ќе си ги одмерат двајцата првопласирани кандидати Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пандаровски од СДСМ.

притисни ентер