Одбележување на Светскиот ден на хронична опструктивна белодробна болест

Македонското респираторно здружение денеска организира стручен состанок на тема „Хронична опструктивна белодробна болест – никогаш прерано, никогаш предоцна" и промоција на преведениот најнов Европски водич за третман на зависност од тутун

Македонското респираторно здружение денеска организира стручен состанок на тема „Хронична опструктивна белодробна болест – никогаш прерано, никогаш предоцна" и промоција на преведениот најнов Европски водич за третман на зависност од тутун, кои ќе се одржат во амфитеатарот на деканатот на Медицински факултет во Скопје, по повод одбележувањето на Светскиот ден на хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ).

Од Здружението информираат дека во светот 384 милиони луѓе боледуваат од ХОББ и нивниот број постојано се зголемува. Секоја година умираат по три милиони луѓе. Голем број фактори ја предизвикуваат болеста, а пред се аерозагадувањето, пушењето, професионалната експозиција…

Пушењето претставува еден од главните ризик фактори за ХОББ, но и за многу други респираторни и кардиоваскуларни состојби. Како резултат на нашите активности завршивме два големи меѓународни проекти, првиот во партнерство со Медицински факултет и Здравствениот систем на Хенри Форд во Детроит, а вториот со Европската мрежа за превенција на пушење, посочуваат од Здружението. /МИА

Исчезна богата 16- годишна наследничка од Калифорнија- ќерка е на основачот на " Slack"

Наследничка на богатството од 1,6 милијарди долари исчезнала и се стравува дека била во една од најпознатите криминални населби во Сан Франциско.

Минт Батерфилд (16), ќерка на богатиот бизнисмен Стјуарт Батерфилд, последен пат била видена во неделата вечерта околу 22 часот во Болинас, Калифорнија.

Нејзиното исчезнување го пријавила нејзината мајка следното утро, пишува Daily Mail.

Тинејџерката посетувала приватен интернат во блиската долина Напа, а сега се стравува дека е во озлогласената градска населба Тендерлоин.

Оваа населба со децении е синоним за злоупотреба на дрога, криминал и бездомништво.

Канцеларијата на шерифот на округот Марин објави флаер за исчезнато лице, со фотографија на Минт.

Според Сан Франциско Стандард, Минт има историја на злоупотреба на супстанции и е познато дека често го посетува Тендерлоин. Полицијата се уште не соопштува дали таа доброволно си заминала и дали има некакви сугестии дека била задржана против нејзина волја.

Нејзиниот татко е ко-основач на апликацијата за пораки Slack и моментално вреди 1,6 милијарди долари.

Slack го купи Salesforce во 2021 година за 28 милијарди долари, а Батерфилд ја напушти компанијата во 2022 година.

Нејзините родители се разведени, а Минт живеела со нејзината мајка во моментот на нејзиното исчезнување.

Бесплатно пиво, такси превоз и здравствен преглед-така во Индија ги намамуваат гласачите(ВИДЕО)

Во индискиот град Бангалор сфатиле како да го зголемат одѕивот на гласачите - со бесплатно пиво и бесплатно возење со такси.

Како што јави Би-Би-Си, овој град кој се наоѓа во индиската држава Карнатака е познат по тоа што има слаба излезност на изборите.

Токму затоа, на општите избори, кои се одржуваат во неколку фази до почетокот на јуни, бројни компании решија да ги поттикнат гласачите да излезат на гласачките места. Така, хотелите, такси-службите и другите компании најавија бројни иницијативи за да ги поттикнат луѓето да гласаат.

Тие вклучуваат бесплатно пиво, возење со такси со попуст, па дури и бесплатни здравствени прегледи. Во некои продавници за храна, клиентите треба да го покажат прстот обоен со неизбришливо мастило како доказ дека гласале за да добијат попуст.

Општите избори ќе се одржат во Бангалор утре (петок) во втората од седумте фази на гласањето. Вчера Високиот суд на државата ѝ дозволи на хотелската асоцијација да обезбедува храна бесплатно или по намалени цени сѐ додека не се прекршат изборните правила.

„Различни хотели и ресторани ќе им обезбедат различни бенефиции на гласачите врз основа на нивната сопствена одлука“, изјави ПЦ Рао, претседател на хотелската асоцијација, за локалниот дневен весник Бангалор Мирор и продолжи:

- Додека некои од овие места ќе обезбедат бесплатно кафе, доса [палачинка од оризово брашно и леќа] и овошен сок за да ја победат неподносливата топлина, некои од местата ќе даваат попусти на храна или ќе имаат некои други примамливи понуди.

На последните општи избори во 2019 година, урбаната изборна единица Јужен Бангалор забележа најмал процент на излезност во државата Карнатака со „само“ 53,7 проценти од гласачите. Излезноста била исто така ниска во Бангалор Централ (54,3 проценти) и Бангалор Норт (54,7 проценти) во споредба со вкупната излезност на државата од 68 проценти. Повеќето компании почнале да ги охрабруваат жителите да гласаат минатата недела, но вчера ги објавиле понудите по одобрувањето од судот.

Популарниот тематски парк Wonderla им подарува билети на гласачите по намалени цени, додека пабот Deck of Brews им подарува бесплатно пиво на првите 50 клиенти кои гласаат. Апликацијата „Ridesharing Blu-Smart“, пак, нуди попуст од 50 отсто за патниците кои патуваат на 30 километри од избирачките места, додека такси-здружението „Рапидо“ им дава бесплатно возење на лицата со посебни потреби и постарите гласачи.

- Ова е нашиот начин да ја славиме демократијата и да привлечеме внимание на важноста на гласањето - вели Гопи Чанд Черукури, коосновач на синџирот ресторани „Мистер Фили“ за дневниот весник „Индиан експрес“.

Ресторанот нуди 30 отсто попуст на хамбургери и милкшејкови за првите 100 гласачи во ресторанот.

Унгарската влада со ултиматум до трговците: Имате две недели да ги намалите цените на горивата

Унгарската влада им даде рок на трговците на мало од две недели да ги прилагодат цените на горивото на регионалниот просек, рече министерот за економија Мартон Наѓ.

Цените мора повторно да се изедначат со регионалниот просек, а тоа особено важи за бензините 95 и дизелот, нагласи министерот по седницата на владата.

Владата им даде рок на трговците од две недели за да ги доближат до просекот, а потоа тие повторно ќе ги анализираат „и ќе воведат строги мерки“ доколку се сè уште над регионалниот просек, рече Наѓ.

Министерот пред една недела во интервју за деловниот весник „Вилаггаздасаг“ рече дека се подготвени да го разгледаат поставувањето ценовни лимити откако Државниот завод за статистика КСХ ќе објави преглед на просечните цени во регионот на Централна Европа.

„Трпението на владата е при крај... Мислиме дека цените на горивата на (унгарскиот) пазар се седум до девет отсто повисоки од регионалниот просек“, рече Наѓ во интервју објавено минатата среда.

Заводот за статистика од 19 април почнал да објавува неделни извештаи во кои се споредуваат цените во Унгарија со просекот во регионот на Централна Европа, вклучувајќи ги Хрватска, Полска, Чешка, Словачка, Австрија, Словенија, Србија, Романија и Бугарија.

Извештајот од минатиот петок покажал дека бензинот 95 во Унгарија таа недела бил во просек за 3,2 отсто поскап од просекот во регионот, а дизелот за пет отсто. Разликата изнесува 20 HUF и 31 HUF соодветно, пресметале статистичарите.

Цените донекаде паднале, но се очекува оние што ќе стапат во сила од петок и понатаму ќе бидат повисоки од просечните за 10 или 27 форинти по литар дизел или бензин, рече министерот Наѓ. „Вистинското решение би било замрзнување“, нагласи тој, додавајќи дека Здружението на производители (МАСЗ) склучило договор за усогласување на цените со регионалниот просек објавен во петокот од Централниот завод за статистика.

Унгарската компанија за нафта и гас Мол во рок од една недела ја намалила цената на дизелот на 633 HUF, а на бензинот на 647 HUF, додаде министерот. Со цел да се заштитат домаќинствата, Владата ги повикува сите трговци што поскоро да ги вратат цените на регионалниот просек, нагласи тој.

Ројтерс пренесува дека МОЛ, според извршниот директор Золт Хернади на состанокот на акционерите, стравува дека државната интервенција на пазарот на гориво ќе влијае на одржливоста на нивните планови.

притисни ентер