Фото: Инстаграм ѕвезда на НБА натпревар

Убавата и атрактивна Рејчел Буш е редовен гостин на натпреварите од најсилното светско кошаркарско првенство НБА лигата.

Рејчел за која медиумите пишуваат дека е „голема Инстаграм ѕвезда“ се појави на мечот Мајами – Филаделфија и ги собра погледите на публиката.

На НБА паркетите направи вистинска лудница. Седеше непосредно покрај теренот, и поради неа никој не можеше да остане максимално сконцентриран на играта.

Оваа убавица е голем љубител на спортот, покрај кошарка Рејчел може да се види и на НФЛ натпревар.

Инаку, Рејчел на Инстаграм има илјадници следбеници кои редовно уживаат во нејзините провокативни и секси фотки.

По сударот на Фетел , Хамилтон победи во драматичната трка во Монако (ВИДЕО)

Британскиот возач на Мерцедес , Луис Хамилтон победи на трката за Големата награда на Монако пред Себастијан Фетел и Валтери Ботас.

Екипата на Мерцедес и во оваа трка , како и во целата сезона имаше двојна победа , зашто и Хамилтон и Ботас се пласираа на првите места. Ферстапен имаше неколку шанси за да го помине Хамилтон , но пред крајот го допре ѕидот на патеката во Монако и остана без борба.

Ферстапен при излегувањето од боксот го удри Валтери Ботас и затоа доби пет секунди казна.

Ваквата ситуација сакаше да ја искористи Себастијан Фетел , кој се најде на втората позиција со големи шанси за неговиот тим Ферари.

Но и неговиот болид заврши неславно.

Гореше Торонто по влезот во првото НБА финале (ВИДЕО)

Торинто го слави првиот влез во финалето на НБА лигата , откако Рапторси ги победија Милвоки Бакс со 100:94 и го освоија Истокот.

Иако Канада се гледа како земја на хокејот , неверојатно славје се случи на улиците на Торонто по победата. Но , откако Винс картер заигра во Торонто , градот стана непрепознатлив , а навивачите се најбројни , најверни и најгласни во НБА лигата.

Десетици илјади дојдоа на натпреварот во Скотиабанк Арената , во која беше сепак претесно , така што навивачите заминаа на гледање под отоверено во паркот Џурасик , како што се нарекува подрачјето зад салата , каде имаше голем видеоѕид.

По историскиот успех , илјадници се радуваа не само во арената и во паркот , туку и низ цело Торонто.

,,Требаше да ми ја ампутираат ногата” – светски борец се бори со опасна инфекција (ВИДЕО)

Познатиот УФЦ борец Александер Волкановски ќе ја изгубеше ногата , а можеби и животот , да не беше веднаш хоспитализиран во болница во Чиле.

Тој по борбата на приредбата  УФЦ 237 , бил примен во болница во критична состојба и со силна инфекција на ногата. Волкановски  пред десетина дена во Рио де Женеиро го победи легендарниот Хосе Алдо.

На враќање кон Сиднеј , веќе му се слошило. Се симнал од авионот во Чиле , од каде требало да лета кон Нов Зеланд. Но , поради високата температура и отокот бил однесен во болница во Чиле, каде докторите откриле опасна бактериска инфекција.

,,Да седнев на вториот лет , инфекцијата можеше да се прошири на коските и тетивите , особено поради притисокот на воздухот во авионот. Беше толку сериозно што ми се закануваше ампутација на ногата. Постоеше шанса и да го загубам животот.” , раскажа борачот за американските медиуми.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Chile hospital update

A post shared by Alexander "The Great" (@alexvolkanovski) on

притисни ентер