УЕФА му се закани на ПСЖ со исфрлање од Лигата на шампионите

Француското списание ,,Екip”  објавува дека УЕФА му се заканила на клубот Пари Сен Жермен со можно исфрлање од Лигата на шампионите поради кршење на правилата за фер- плеј.

Од седиштето на УЕФА во Нион најавија дека ќе отворат истрага против одделни клубови меѓу кои и парискиот , под сомнение дека не покажале реален износ на спонзорските договори. Уште од 3 јули финансиското тело на УЕФА го проверува клубот.

Така на пример спонзорските договори со Катар девалвирале , така што во финансиската документација не биле прикажани виостинските износи , бидејќи вистинската вредност е 87 , а не 138 милиони евра ,како што било наведено.

И договорот со компанијата QTA која е главен спонзор на тимот има реална вредност од 58 милиони евра ,а биле прикажани 100 милиони.

Според тоа клубот би требало да биде во дефиоцит од 84 милиони, што е далеку над годишната граница од 30 милиони евра , дозволена од УЕФА според законот за финансиски фер – плеј.

Маричиќ: Имаме план за зелена Македонија

Имаме план за зелена Македонија во која граѓаните ќе станат акционери на енергетските компании.

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ денес во изјавата за медиуми се обврза дека СДСМ и Коалицијата за европска иднина нема да се откажат од стремежот за енергетска независност и од зелена енергија.

Во своето обраќање посочи дека е време да се сопре со фосилните технологии.

Изјави дека постоечките енергетски капацитети на фосилни горива да ги трансформираме во соларни електрани кои произведуваат зелена енергија.

„Тој процес го продолжуваме со голема новина: Државните енергетски компании ги даваме во рацете на граѓаните! Граѓаните стануваат акционери во енергетските компании. Висок процент од вкупниот број издадени акции во државните енергетски компании ќе се поделат еднакво на граѓаните. Секој граѓанин, вклучително и децата, ќе добие по најмалку 8.000 денари од вредноста на енергетските компании или 500 евра за едно четиричлено семејство.

Нашиот план е производството на енергија да се зголеми за најмалку 70% за да ги задоволиме домашните потреби за струја. Во наредните четири години за 100% да се зголемат капацитете со обновливи извори на енергија да достигне 60% од вкупната потрошувачка во државата.“

Маричиќ во својата изјава потврди дека целта и програмата на СДСМ е иста со онаа на Европската Унија и Европскиот зелен договор кој предвидува нула штетни гасови од фосилни горива до 2050 година.

„Нашата визија е зелена Македонија како здрава животна средина за граѓаните. Чиста вода за пиење во секое населено место, одржливо управување со отпад и расчистување на дивите депонии. Пречистување на отпадните води за здрава почва за здрава храна.“

Д-р Филипче: Невработеност од најниски 7% и поддршка од 180 милиони евра за бизнисот

Во новиот мандат СДСМ предвидува 180 милиони евра директна финансиска поддршка за бизнис секторот, нови вработувања и историски најниски 7% невработеност.

Ова го истакна д-р Венко Филипче, носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина. Денеска Филипче ја продолжува својата агенда во рамки на предизборното претставување во Изборната единица 4.

„СДСМ ќе внесе нова економска енергија за европски раст и стандард на граѓаните и бизнис секторот. Најуспешни се оние земји во кои се создаваат бизниси, каде што има претприемачка идеја и средина која го поттикнува нивниот развој“, рече Филипче.

Филипче потсети дека изминатите седум години мандат, СДСМ ја поддржуваше економијата на неколку колосеци.

„Ги охрабрувавме ентузијастите својата идеја да ја преточат во реалност да отворат свој сопствен бизнис. Локалната економија, малите бизниси се важен сегмент и околу нив градевме и ќе продолжиме да градиме стратегијата за развој на домашната економија“, вели Филипче.

Во таа насока, ќе продолжи креирањето на политики кои ќе го поттикнуваат бизнисот и економскиот развој преку транспарентно и отчетно однесување со секој денар на граѓаните, додава Филипче.

Со цел, пак, подобро управување со енергетските компании кои имаат клучен удел во вкупната економска активност, СДСМ државните енергетски капацитети ќе ги предаде во рацете на граѓаните.

„Планираме енергетските компании да ги вратиме кај граѓаните. Секој граѓанин, вклучително и деца, ќе добие по најмалку 8.000 денари од вредноста на енергетските компании или 500 евра за едно четиричлено семејство. Така контролата за работењето на енергетските компании ќе биде во рацете на граѓаните“, завршува Филипче.

Мисајловски: Во „Платформа 1198“ се предвидени проекти во културата и спортот

 Во „Платформа 1198“ се предвидени проекти во културата и спортот во износ од по 50 милиони евра.

Почитувани,

Благодарам за можноста да се обратам, еве денеска сме повторно тука во Куманово заедно со кандидатите за пратеници од Куманово, заедно со Бобан, со Бране, со Мартина.

Ќе имаме еден убав настан, може и да видите позади нас, многу народ насобран, да зборуваме за позитивни и убави нешта, да зборуваме за нашата „Платформа 1198“, каде што има прекрасни проекти. Каде што ќе зборуваме за 50 милиони евра во наредниот период директно за културата, 50 милиони евра директно за спортистите. Каде што ќе зборуваме за проектот „Купи куќа за млади“, за повисоки пензии, за повисоки плати, за над две милијарди евра во инфраструктурата. Секоја година по 250 милиони евра за сите општини во Македонија односно за една позитивна и убава Македонија.

Сакаме да ги поканиме сите граѓани да ни се приклучат за да ја погледнат нашата програма и да се пронајдат во нејзе. И се разбира да ја дадат поддршката за ВМРО-ДПМНЕ на осми мај, но претходно се разбира и на 24-ти април за нашата професорка Гордана Силјановска Давкова, за новата претседателка.

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2

притисни ентер