Иако за нивната врска досега само се шпекулираше, изгледа дека тие на овој начин ги потврдија гласините.
Имено, Џеси Џеј на Инстаграм објавила видео-снимка од лондонската премиера на претставата „Magic Mike”, во која глуми Ченинг.

Актерката го означилa Ченинг во видеото, му честитала, а на останатите им порачала дека ова не смеат да го пропуштат.
Досега се се темелеше на гласини и на зборови на очевидци, а ова е прв пат некој од нив двајца на некој начин да ја потврдат врската.