ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес ќе добие дополнителни 500 комерцијални вакцини против грип

 Ги очекуваме дополнителите вакцини и вакцинирањето по цена од 650 денари за вакцина треба да продолжи неделава во Велес, како и во Неготино, Кавадарци и Гевгелија.

ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес од Министерството за здравство добило одобрение за дополнителни 500 комерцијални вакцини против грип за четири општини од Повардарскиот регион, а вакцинирањето со нив ќе биде до крајот на неделава, информира за МИА директорот на здравствената установа Тони Димитриев.

– Ги очекуваме дополнителите вакцини и вакцинирањето по цена од 650 денари за вакцина треба да продолжи неделава во Велес, како и во Неготино, Кавадарци и Гевгелија, а кои се под ингеренции на нашиот центар кој е регионален, информира Димитриев.

Воедно појасни дека сеуште има поголем број бесплатни вакцини, а за нив вакцинирањето се врши на закажан „Мој термин".

Процедурата за добивање бесплатна вакцина е старост над 65 години и пензија до 14.480 денари, а лицетој треба да приложи повеќе административни белешки, и да има и посета кај матичен лекар што го закажува „Мој термин".

За бесплатните вакцини директорот Димитриев, од Министерството за здравство веќе бараше зголемување на опфатот на граѓани и од категоријата на инвалидизирани лица и други социјално ранливи групи,но сеуште нема добиено одговор.

Како што појаснуваат од Министерството за здравство годинава вакцините чинат 650 денари што е за 200 денари повеќе од лани затоа што според нив, годинашните вкцини се поефикасни и штитат од четири типа од вирусот на грип.

Досега во ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес се вакцинираа над 500 заинтересирани граѓани.

Годинава велешкиот ЈЗУ Центар за јавно здравје за целиот Повардарски регион минатиот понеделник од Министертвото доби 3.000 бесплатни вакцини и само илјада со плаќање.

Бајден со помош на Обама и Клинтон собра рекордни 25 милиони долари за својата кампања

 Кампањата за собирање средства за американскиот претседател Џо Бајден со поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон генерира над 25 милиони долари, најголема собрана сума досега во историјата на САД.

Бајден синолќа со Обама и Клинтон учествуваше во дискусија во познатата њујоршка „Радио сити мјузикл хол“, модерирана од водителот на „Лејт шоу“ (The Late Show) Стивен Колбер.

Но, настанот неколку пати беше прекинуван од демонстрантите во салата, кои скандираа против политиката на Бајден за поддршка на Израел во војната со Хамас. Еден од демонстрантите извика „Срам да ти е, Џо Бајден“. Тие исто така го прекинуваа и говорот на Обама.

Демонстрантите го прекинаа и настапот на музичарите Квин Латифа, Лизо, Бен Плат, Синтија Ериво и Леа Микеле.

Влезниците за вчерашниот предизборен митинг на Бајден чинеа од 250.000 и 500.000 долари. Дел од донаторите позираа со претседателите, а фотографиите ги направи славната фотографка Ени Лејбовиц. /МИА

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од надомест

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки, вели Петровска.

Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Ова го објави предмалку министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил.

- Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: "Пари од нечесник не сакам" и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, напиша Петровска.

На ФБ министерката за одбрана напиша дека секој го прави тоа што најдобро го знае, „тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.

Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор

Американското Министерство за транспорт денеска и додели 60 милиони долари на сојузната држава Мериленд за помош по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако во него удри товарен брод.

Гувернерот на Мериленд Вес Мур претходно побара средства за помош во „мобилизацијата, операциите и отстранувањето на отпадот“.

Мур додаде дека овие средства ќе ги постават темелите за брзо закрепнување.

Инаку, по уривањето неколку работници паднаа во водите на реката Патапско. Телата на двајца мажи, на возраст од 35 и 26 години, беа пронајдени во средата, на 7,6 метри под вода во реката Патапско.

Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт.

Несреќата се случи во вторникот откако товарниот брод „Дали“ удри во еден од столбовите на мостот. /МИА

притисни ентер