На Хематологија извршена првата несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки

22 годишниот Филип Димушковски успешно ја помина трансплантлтанцијата на матични клетки од несордоден донор.

Ова е првата трансплантација во Македонија од несроден донор. Девојката од Полска донорот за Филип му го спаси животот. Пред него е нова битка цели 180 дена треба да поминат за неговиот организам да ги прифати клетките.

На листата за добивање на матични клетки од несроден донор можни се петорица граѓани на Македонија. Од клиниката за хематологија велат дека оваа болница почнува лекување против ХМЛ во Македонија и е успешно, а на клиниката се вработени и 4рицата првенци на генерација од медицинскиот факултет.

– Досега годишно во просек околу 20 пациенти се упатувани во центрите во странство за трансплантација на матични хематопоетски клетки. Пациентот не чека, доаѓа, го дијагностицираме, прима терапија, постигнува ремисија, доколку има потреба од трансплантација најпрво се тестираат членовите на семејството, ако има донор од нив се прави алогена сродна трансплантација, а во спротивно пристапуваме кон барање на несроден донор. Има уште четири пет пациенти кои се потенцијални да поминат низ процесот на несродна трансплантација, изјави др. Ирина Пановска Ставридис Клиника за хематологија.

Регистарот на дарители на матични клетки постои од 2010 година и брои 3.000 потенцијални донори.

Министерот за здравство Венко Филипче и директорот на ФЗОМ Дончев рекоа дека досега една ваква трансплатантација чинела над 100 илјади евра, оваа во Македонија 20 илјади евра. Тие ветија дека во со заштетдата ќе се вложува и во истражувањето и типизацијата на сродни донори за идни трансплантации.

Италијанскиот министер за одбрана, Кросето во посета на Косово

Кросето во базата на НАТО ќе ги посети војниците од италијанскиот контигент на КФОР.

Министерот за одбрана на Италија, Гвидо Кросето допатува претпладнево во Косово, каде што ќе се сретне со неговиот хомолог, косовскиот министер за одбрана, Ејуп Маќедонци и со командантот на мисијата на НАТО во земјата КФОР, Озкан Улуташ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на италијансаката амбасада во Приштина се наведува дека Кросето во базата на НАТО ќе ги посети војниците од италијанскиот контигент на КФОР, на кои ќе им го честита вториот ден од тридневието на католички Велигден, Велик петок.

- Авионот со италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето штотуку слета во Приштина. На дневен ред се разговори со неговиот косовски колега, Ејуп Маќедонци и со командантот на КФОР, Озкан Улуташ. Во базата на НАТО во „Филм Сити“ министерот ќе го поздрави италијанскиот контингент распореден на Косово, се вели во соопштението на Амбасадата на Италија во Косово. /МИА

Манолева: Болницата во Отешево со комплетно нов лик по 43 години

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО.

Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.

„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.

Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.

Министерство за здравство

Климатските промени ќе ја зголемат инфлацијата на храната

Зголемувањето на температурите и екстремните временски настани се очекува да имаат глобално влијание на земјоделството. 

Според новата студија на Институтот за истражување на климатските влијанија во Потсдам (ПИК), зголемените просечни температури би можеле да ја зголемат годишната инфлација на храната до 3,2 отсто годишно, а вкупната инфлација до 1,18 отсто годишно до 2035 година.

Во студијата, истражувачите наведуваат дека климатските фактори, како што се високите температури и екстремните врнежи, влијаеле на инфлацијата во историски контекст, но не направиле посебна анализа за тоа кои прехранбени производи најверојатно ќе бидат најмногу погодени.

„Откривме дека зголемувањето на температурите може да доведе до повисоки цени на храната, особено во топлите региони и годишните времиња“, рече д-р Макс Коц, еден од авторите на студијата.

„Во идните климатски услови, овие влијанија би можеле да станат големи - проценети на 1-3 процентни поени годишно врз инфлацијата на храната до 2035 година, загрозувајќи ги целите за стабилност на цените на централните банки, како што е ЕЦБ, која има за цел да ја задржи инфлацијата под 2 отсто“, додаде Коц.

Во исто време, вкупната инфлација може да расте во просек за 0,32-1,18 процентни поени секоја година на глобално ниво, се вели во студијата.

Зголемените или нестабилните цени ја загрозуваат економската и човечката благосостојба, како и политичката стабилност, се наведува во извештајот, цитирајќи податоци на ОН дека кризата на трошоците за живот во 2021-2022 година турна во сиромаштија дополнително 71 милион луѓе ширум светот.

Инфлацијата предизвикана од климата влијае подеднакво и на богатите и на сиромашните земји. Се очекува глобалното затоплување да влијае на инфлацијата на храната и на вкупната инфлација и во земјите со високи и со ниски приходи.

Инфлацијата расте како што растат температурите, а најсилно се јавува во лето и во топлите региони на пониски географски широчини, каде што ќе се задржи во текот на целата година. Поради оваа причина, според студијата, глобалниот југ, особено Африка и Јужна Америка, ќе бидат погодени во поголема мера.

Студијата внимателно го разгледува исклучително топлото европско лето во 2022 година, кога жештината и сушата имаа големо влијание врз земјоделството и економијата.

„Проценуваме дека исклучително топлото лето во 2022 година ја зголеми инфлацијата на храната во Европа за околу 0,6 отсто. Идното затоплување, прогнозирано за 2035 година, би го зголемило влијанието на ваквите екстремни настани до 50 отсто“, додаде Коц. /МИА

притисни ентер