Славната актерка Деми Мур е во врска со Белграѓанка

Од почетокот на годинава се шпекулира дека 56 годишната холивудска ѕвезда е во врска со Белграѓанка , но нивната врска сега доби потврда.

Холивудската актерка Деми Мур (56) , која беше во брак со Брус Вилис , веќе три години е во врска со Маша Манџука (43) . Двете се веќе две години во врска , но ретко се појавуваат во јавност.

Деми зад себе има три неуспешни бракови и изгледа дека дури сега најде среќа во љубовта. Со модната стилистка Маша Манџука живеат задно и ја чуваат ќерката на Маша, Рума.

Белграѓанката студирала и живее во Њујорк , а работела како костимограф на повеќе познати телевизиски проекти како ,,Топ модел” , како и на Оскаровецот ,,Ла ла ленд”.  

Фото: Ќерката на Анџелина и Бред, се помалку личи на девојче!?

Ќерката на разведените холивудските актери Анџелина Џоли и Бред Пит, 12- годишната Шајло Нувел се помалку личи на девојче, таа од домашните бара да и се обраќаат во машки род.?!

Инаку, Бред и Анџелина по разводот никако не успеваат да се договорот околу старателството на нивните шест деца: Најверојатно последниот збор ќе го има судот. Во очекување на првото рочиште мама Анџелина го минува времето во друштво на своите деца. Холивудската убавица е фотографирана во друштво на нивните три биолошки деца.

Шајло Нувел која е родена во 2006 година е најстарата ќерка на славниот пар . Таа отсекогаш го привлекувала вниманието на јавноста и медиумите поради тоа што уште од две години е  воспитувана и чувана  како момче. По последните фотки на Шајло многумина  констатирале дека таа се повеќе личи на момче.

За 12- годишната ќерка на Бред и Анџелина  велат дека уште од мала сакала да се облекува како момче и инсистирала домашните да и се обраќаат во машки род. Како минуваат годините таа се повеќе личи на момче, што поради кратката коса, што поради машката облека која ја носи. Уште еднаш е потврдено дека нејзината желба не била само детски хир.

Шајло и мама Анџелина се шетаа заедно со близнаците Нокс и Вивиен кои Бред и Анџелина ги добија во 2008 година.  

Најголемото богатство од средновековна Јапонија пронајдено во близина на Токио

На локалитетот на кој се наоѓала резиденцијата на еден самурај од 15 век, во близина на Токио, пронајден е керамички сад со големи димензии.

Во него се наоѓале 260.000 парчиња метални кованици исковани во Кина.

Толкава количина на метални кованици значајно ја надминуваат вкупната сума на пари кои биле во оптек во тој регион, изјавил археологот Јошијуки Такисе, пренесува американскиот магазин „Ахеолоџи“.

Пронајдените кованици, воедно, претставуваат и една од најголемите приватни ризници од тој период.

Japanese feudal jug found to contain 260,000 coins

Најубавата светска биатлонка, сакам кога сексот трае три часа!?

Најубавата светска  биатлонка 22- годишната Габриела Коукалова од Чешка со својата автобиографска книга ја заинтригира јавноста. 

Убавата Габри вели дека сака кога сексот трае три часа! Само пред трека може да е пократок!?

Во својата книга убавата биатлонка  меѓу другото открива дека првиот сексуален однос го имала на само 12 години.

-Невиноста ја загубив со пријател на сестра ми. Беше многу нежен , јас уживав, потоа не моѓев да престанам да мислам на секс, напиша во својата автобиографија Коукалова.

Колку сексот е  значаен во живото на Габриела најдобро зборуваат овие нејзини зборови.

„Тренерите не ми одобруваа да имам секс пред трка. Но, јас сметам дека сексот многу им помага на жените и дека по секс добро се чувствуваат. За мене сексот е како медитација, но пред трка не може да трае долго колку што сакам, само некој три часа!?, напишала чешката скијачка.

Коукалова во кариерата има освоено низа на медали од најголемите светски натпреварувања, носителка е на две олимписки и пет  медали од светски првенства.

притисни ентер