Вучиќ индиректно призна дека Србија нема суверенитет во Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска индиректно призна дека Србија нема суверенитет во Косово и изјави дека го погодило ,,лошото мешање” на Српската православна црква во политиката.

Тој запраша каков суверенитет да чува Србија на Косово , какво што преку соопштение вчера побара СПЦ од државниот врв.

,,Велите дека чуваме целосен суверенитет , а моето прашање до вас е : Кој суверенитет? , ги праша Вучиќ новинарите , коим известуваа од самитот на Европската народна партија во Хелсинки , каде придружно членство има и партијата на Вучиќ СНС.   

Тој рече дека ,,територија , народ, војска и полиција” се основни елементи за суверенитет на една држава и праша ,, што од тоа Србија има на Косово?”

Српскиот претседател нагласи дека за него најбитни се луѓето на Косово и дека би било неодговорно да Србија воведува војска и полиција на Косово.

Србија пред вонредни парламентарни избори?!

Во првата половина на оваа година во Србија повторно би можело да има вонредни парламентарни избори.

На тоа укажуваат неофицијалните најави во медиумите, резултатите од истражувањата за рејтингот на политичките партии и најблиските соработници на српскиот претседател Александар Вучиќ, а на крај и на самиот Вучиќ.

Од страна на опозицијата стигнуваат пораки дека изборите треба да се бојкотираат, бидејќи не постојат фер и демократски услови.

Испитувањето на пулсот на јавноста почна уште кон крајот на 2018 година со тврдењата на владејачката српска напредна партија  дека со критиките на политичката сцена се доведува во прашање легитимитетот на партијата и дека најдобро решение е тоа да се провери на избори.

Нови рочишта за „Титаник" и „Титаник 3"

Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за предметот „Титаник", што се однесува на изборни нерегуларности.

На последното рочиште беа презентирани материјални докази – документи, списоци од избирачки места, телефонски разговори

Во овој случај обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.

Судење денеска треба да се одржи и за случајот „Титаник 3" во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ. Тие се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал./МИА

Мајлинда Брегу на средби во македонскиот Парламент

Генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу денеска ќе се сретне со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери.

Брегу, која од вчера е во работна посета на Република Македонија, ќе се сретне и со претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби.

Во рамки на посетата, Брегу вчера имаше средба со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. /МИА

притисни ентер