Преку скулптура уметник ја исмева израелската министерка за култура (ВИДЕО)

Израелскиот уметник Итај Залаит на плоштад во Тел Авив постави статуа со која и се потсмева на министерката за култура , Мири Регев.

Уметникот ја прикажал министерката во бел фустан во природна големина , како се гледа во огледало.

Поставувањето на скулптурата доаѓа како реакција на намерата на Регев да воведе нов закон , со кој се бара лојалност , кој уметниците го оквалификуваа како воведување цензура на уметничкиот израз.

Советниците во градското собрание на Тел Авив соопштија дека го почитуваат протестот , но сепак наредија статуата да се отстрани , бидејќи немало дозвола за нејзиното поставување.

PEUGEOT 3008 прогласен за еден од најпроизведуваните автомобили во Франција во 2018 година!

Произведен е во фабриката на PSA Group во Sochaux. Овој SUV ја носи ознаката "Origine France Garantie" уште од самото лансирање во октомври 2016 година.

Овој модел беше произведен во 258.460 примероци во Франција во 2018 година, пред Toyota Yaris со 248.541 примероци. Секој ден околу 1.000 возила на PEUGEOT 3008 се произведуваат во фабриката на PSA Group во Sochaux која исто така има произведено над 23 милиони автомобили.

PEUGEOT 3008 беше развиен од страна на проектанските тимови во Sochaux и тестиран на патеките на тест центарот "Centre d'Expérimentation" во Белшамп.

Моделот е голем успех за Брендот од самото лансирање во октомври 2016 година. Тој е трето најпродавано возило во Франција во 2018 година и воедно придонесува за премиум статусот на PEUGEOT во категоријата SUV во Европа заедно со 2008 и 5008.

PEUGEOT 3008, исто така е лидер во C-SUV сегментот кај B2B корисниците и е рангиран на второ место место во сите категории на регистрирани патнички автомобили.

PEUGEOT 3008 има освоено 63 светски награди и беше прогласен за Автомобил на годината во 2017 од 58 европски новинари од 22 земји.

Видео: Од неа ќе ви се „заврти“ во главата!!

Стиви Доре иако има само 24 години веќе е добро позната во светот на шоу бизнисот и танцот.

Само на социјалната мрежа Инстаграм, атрактивната Стиви има повеќе од 350 илјади фанови, кои обожуваат да ги гледаат нејзините клипови со „жешко“ танцување.

Таа почнала да танцува кога имала само две години, а до сега веќе има добиено неколку големи награди.

Грабеж на векот во Јапонија, Израелци украле златни прачки вредни 17 милиони долари

Грабеж на векот во Јапонија, двајца Израелци  украле златни прачки од 420 килограми вредни 17 милиони долари, но за среќа не успеале да побегнат многу далеку.

Израелците Руевен Росен (58г) и Давид Коен (55) се уапсени во Јапонија под сомнение дека учествувале во најголемиот грабеж на златни прачки во историјата на земјата.

Јапонските власти заплениле две серии на златни прачки со вкупна тежина од 420 килограми во вредност од 17,3 милиони долари.

Криумчарите се обиделе златните прачки да ги пренесат од Јапонија во Хонгконг, како делови за автомобили.

Јапонската полиција се сомнева дека Израелците  криумчареле злато во Јапонија околу 50 пати и на тој начин успеале да изнесат од земјата околу четири тони златни прачки.

притисни ентер