Како се случи две делегации на ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат на Конресот на ЕПП?

Официјална и неформална - како се случи две делегации од ВМРО-ДПМНЕ да се дел од Конгресот на Европските народни партии во Хелсинки.. Лидерот на партијата Мицкоски вели дека тие биле официјалната делегација.

Последниот конгрес на ЕПП ќе биде запаметен што на него учествуваа условно кажано две делегации на ВМРО-ДПМНЕ. Едната предводена од актуелното раководство, на чело со претседателот Христијан Мицкоски, доби сериозни предупредување дека процесот на ратификација на Преспанскито договор не смее да се кочи. Поранешната европратеничка од Германија и добар познавач на состојбите во Македонија и Балканот, Дорис Пак, на Твитер објави дека е „Неприфатливо осумте пратеници од опозицијата кои гласаа за Договорот со Грција и за европска иднина на земјата, да се третираат како криминалци, а ЕПП тоа не смее да го толерира!“. Мицкоски во изјава за Канал 5, кажа дека имал можност да се сретне со видни членови на ЕПП на кои, како што вели им ја кажал и другата страна на случувањата во ВМРО-ДПМНЕ и државата.

Мицкоски за одговор на дилемата зошто условно кажано две делегации на ВМРО-ДПМНЕ беа поканети на конгресот не упати кај организаторот, бидејќи тие одлучувале на кој се ќе испратат покани.

Оваа официјална делегација на ВМРО-ДПМНЕ го напушти конгресот пред обраќањето на Меркел, Туск и други важни активности на европските народни парии. Другата делегација беше индивидуално поканета, а ја сочинуваа се поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, реформаторот Петар Богојевски и пратеничката Емилија Александрова исто така имаа бројни средби со видни претставници на ЕПП. Тодоров не го крие задоволството од тоа какви пораки добиле во Хелсинки, а тоа се поткрепува со твитот на евро комесарот за проширување Јоханес Хан, во кој пишува дека им аплаудира на пратениците од опозицијата за храброста што гласаа за уставните измени, а порача дека заканите кон нив мора веднаш да престанат. За случувањата на конгресот на ЕПП во Хелсинки со второ отворено писмо до Мицкоски се јави и Сашо Мијалков.

,,Ниедно претходно раководство на ВМРО не доживеало ваков срам на меѓународна сцена од сестринските партии кои се дел од Европската Народна Партија, а се надевам дека нема ни да доживее во иднина. Биди еднаш искрен и признај и пред членството и пред граѓаните, какви се тие твои заложби за конструктивност кои му ги вети на Хан ? Дали Хан лаже за твоите заложби ? Дали му кажа на Хан дека Македонија ти е пред се и дека ти ќе го спречиш договорот без разлика на цената ? Дали му кажа дека и да не успееш сега да го спречиш, доколку дојдеш на власт нема да го реализираш тоа што ќе зависи од тебе ? Нели Христијане клечеше, се крстеше и се колнеше во Македонија? Која е сега таа конструктивност која што СЕГА ти стана повредна од Македонија ?

Инаку, што се однесува за регуларните активности на конгресот на ЕПП, Манфред Вебер од ЦСУ, е избран за водечки кандидат на Европската народна партија за европските избори во 2019. година. За него гласаше мнозинството од преку 700 делегати на конференцијата во Хелсинки.

За една недела во Грција се уапсени 379 лица за семејно насилство

Минатата седмица грчката полиција уапсила 379 лица по поднесени пријави за семејно насилство, а 23 жртви биле пренесени во центрите за згрижување, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерството за заштита на граѓаните на Грција информираше за резултатите од спроведувањето на новиот план на полицијата за справување со криминал, семејно насилство и врсничко насилство.

Согласно неделниот извештај, во периодот од 15 до 21 април, полицијата примила 1.025 повици за семејно насилство, а на 81 жена – жртва на насилство ѝ била инсталирана специјалната апликација за помош „Panic Button“ на грчката полиција .

Биле пријавени 633 случаи на семејно насилство, при што биле уапсени 379 лица, а 23 жртви на насилство биле пренесени на безбедни локации.

Во однос на малолетничката деликвенција и врсничкото насилство биле извршени проверки на 6.004 лица, од нив 344 биле приведени, а 160 уапсени и биле потврдени 270 прекршоци.

Како на младите да им се врати љубовта кон книгата?

Некогашната парола, книгата е прозорец кон светот, за младите повеќе не важи. 

За нив прозорец кон светот е интернетот, книги читаат само понекогаш, ако тоа од нив го побараат наставниците.

Дека е така потврдуваат и дел од издавачите на овогодинешниот саем на книга.

Најмалку читаат средношколците, и основците, а книги купуваат најчесто кога се на попуст. Слободното време, најчесто го поминуваат на интернет. За разлика од нив, за повозрасните, технологијата не е предизвик.

36 издание на Саемот на книга завршува утревечер, во 20 часот.

Од петок постепена стабилизација на времето

Невообичаено топлите времелетни температури нагло се заменија со ладни и дождливи денови.

Во наредните 2 дена ќе владеат врнежи, на некои места ќе бидат поројни, а планинските предели ќе добијат уште една мала снежна покривка, предупредуваат од УХМР. Оние кои планирале прошетка претсојниот викенд не треба да се грижат, тмурните облаци ќе се расчистат, а вистинската пролет, со умерени температури веќе при крајот на неделата ќе пристигне во Македонија.

-Веќе од петок ќе имаме постепено стабилизирање на временската состојба, ќе преовладува во петок претежно стабилно, веќе и потопло време, а од деновите од викендот со максимални температури кои ќе бидат во интервал од 18 па се до 26 степени.-УХМР

Сепак ваквото време во претстојните два дена го вклучи и алармот кај ЦУК. Од таму ги предупредуваат граѓаните да внимаваат на магистранлните и регионални патишта поради одрони од карпи, како и на прилагодување на брзината поради мокри патишта. Воедно, граѓаните да избегнуваат суводолици порадо можност од нагло надоаѓање на вода, а и одводните канали треба да бидат чисти и проточни, наместо да се создаваат брани од ѓубре...

-Истовремено да се внимава на работите што можат буквално, како велиме, да одлетаат од градбите во населбите и особено што се од градбите во изградба, градилиштата, треба да се обезбедат практично сите работи што заради ветер би паднале и би претставувале опасност за луѓето кои што се во околината. Ако се престојува на планина пак препорачливо е да се има доволно гориво во возилата и да се внимава на планинските патишта, конкретно на лизгавостаи на проодноста на патот особено ако не е асфалт. – Илија Бојаровски – ЦУК

Според хидролозите, не постои закана и опасност од излевање кај поголемите реки и сливови, но и тие упатуваат на внимателност кај суводолиците и помалите сливови, како и кај атмосферските канализации кои се во опасност од запушување. Сепак, уверуваат, дека дождливото време во овој период е повеќе од добредојдено.

притисни ентер