Трамп ја номинира Kејт Мери Брнс за нов амбасадор во Македонија

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја предложи Кејт Мери Брнс за нов амбасадор на САД во Македонија која треба да дојде на местото на сегашниот амбасадор Џес Бејли.

Според соопштението од Белата куќа, Кејт Мери Брнс е амбасадорка од кариера и доаѓа од Атина каде што ја вршела функцијата заменик-шеф на мисија во амбасадата на САД во Атина, Грција од септември 2017 година.

Претходно таа била заменик-шеф на мисија и заменик- постојан претставник на мисијата на САД во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Виена, Австрија.

Работела како советник за јавни работи во мисијата на САД во НАТО во Брисел, Белгија, од 2007-2010 година. Одлично зборува повеќе јазици меѓу кои Унгарски, Шпански и Турски.

Амбасадорите ги номинира претседателот, а ги потврдува Сенатот на САД.

Пендаровски во Прилеп: Не смееме да дозволиме да се вратиме назад во времето на Груевски

Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски во Прилеп потсети на времето на Груевски и рече дека не смееме да се вратиме назад.

Пендаровски ги повика прилепчани да гласаат во вториот круг на изборите за него, зашто само со концептот Зедно може да се оди напред кон ЕУ и НАТО.

Големи шумски пожари пустошат низ Норвешка (ВИДЕО)

Стотици луѓе се евакуирани од домовите поради големите шумски пожари на северот на Норвешка.

Само во малото гратче Сокндал се евакуирани 150 домаќинства , каде пшожарот во тој регион беснее од вчера. Пожарникарите велат дека пожарите и натаму се надвор од контрола , поради силниот ветар што го разгорува.

Норвешките власти се загрижени поради пожарите , не само за уништените големи површини под шума , туку зашто никогаш претходно немало шумски пожар во овој период од годината , особено на северот , каде претходните години се уште имало снег.   

Оштетени голем број објекти при деактивирање на бомба од Втората светска војна

Во германскиот град Регенбург денеска беше деактивирана биомба од Втората светска војна на самото место .

Неколку илјади жители во тој дел на Регенбург биле евакуирани , пред да се изврши контролираната детонација на бомбата тешка 250 килограми. Од полицијата соопштуваат дека при детоинацијата на бомбата се оштетени голем број станови и фасади на деловни и стопански објекти во околината.

Бомбата била најдена во близина на пристѕаништето на реката Дунав , а експлодирала во раните утрински часови . Поради оштетениот дел за активирање , не било возможно бомбата да се пренесе на друго место , а детонацијата се слушнала во целиот град.

Жителите негодуваат зашто речиси секојдневно при градежни работи се наоѓаат неексплодирани бомби од Втората светска војна.

притисни ентер