Судска забрана за дизел возила и во Келн и Бон

Германските градови Келн и Бон до април 2019 ќе мора да воведат целосна забрана за сообраќај на дизел возила .

Во образложението на Управниот суд во Келн се наведува дека предолго се очекуваа мерките за заштита на воздухот од загадување , така што сега мора де се воведе ваква ригорозна мерка.

Мерката се однесува на возила до регулативата Еуро 4 , а од септември и за автомобили со ознака Еуро 5.

За забраната во вие два града се избори Здружението за заштита на животната средина , кое на сличен начин доби судски пресуди за забрана и во другите поголеми германски градови.

По нивна иницијатива е воведена забрана за дизел возила и во Берлин, Франкфурт, Хамбург и Штутгарт за да се намали нивото на азотни оксиди.

ВМРО-ДПМНЕ: Нема пари во државата за пензии!

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ една од своите прес конференции ја посвети на критики на владините политики за пензиите и пензискиот фонд.

Оттаму наведуваат дека фондот бил празен и дека можело да се покачи старосната граница за пензионирање  на 67 години!

Тврдење на Фетаи за закана од адвокатот на Алими

„Ти си наша, но на каурот ќе му ја расплакаме фамилијата”, со овие зборови, на албански јазик адвокатот на пратеникот на ДУИ Ејуп Алими и се обратил на обвинителката Фатиме Фетаи упатувајќи закани на адреса на нејзиниот колега Гаврил Бубевски.

Ова го откри денеска Фетаи на судењето за случајот “Титаник 3”, во кој се обвинети Алими и Исмет Гури.

Адвокатот Мефаил Арслани во судницата гласно го негираше тоа што го рече Фетаи.

Според информациите до кои дојдовме настанот се случил пред околу еден месец на паркингот кај ТЦ “Мавровка”.

Освен Фетаи, сведок на заканата била и уште една жена која била во нејзина придружба. Бубевски за Канал 5 вели дека бил запознат со случајот , но досега не го пријавил, иако за него скопското обвинителство може да постапува по службена должност.

„Сметам дека заканата е дадена во афект, поради очај. Но, доколку скопското обвинителство смета дека треба да отвори постапка јас сум спремен и двајцата сведоци да го кажат тоа што го слушнале“. -  изјави адвокатот Гаврил Бубевски.

Канал 5 контактираше и со пратеникот Алими. Тој тврди дека нема причина зошто тие би им заканувале на обвинителите.

„Ако им се заканувал така на тој начин адвокатот и тие не преземале никакво дејство, тогаш немам некој коментар. Јас немам сознанија и не сме имале такви околности зошто да им се закануваме. Нашата работа беше да докажеме дека не сме виновни. Е сега, тие при крај на судењето што не можат да го докажат тоа што го покренале треба тие да се извинуваат. “ – изјави адвокатот Ејуп Алими.

Судењето за овој предмет денеска се одложи затоа што судот повторно со ургенција преку Министерството за правда ќе побара да биде обезбеден сведокот Р.Б. бидејќи живее во Германија.

 Судијката Оља Ристова го задолжи СЈО да вложи напор и да го обезбеди сведокот кој е клучен во постапката.

притисни ентер