Вториот нацрт-амандман од попладнево пред пратениците

Со десет гласа „за“ и пет „против“, првиот нацрт-амандман за промена на уставот денеска помина на собраниската комисија за уставни прашања.

На вториот ден од дебатата опозицијата повторно обвини дека целиот процес за промена на името е нетранспарентно и без консензус, на што реплицираа претставниците на власта.

Србија пред вонредни парламентарни избори?!

Во првата половина на оваа година во Србија повторно би можело да има вонредни парламентарни избори.

На тоа укажуваат неофицијалните најави во медиумите, резултатите од истражувањата за рејтингот на политичките партии и најблиските соработници на српскиот претседател Александар Вучиќ, а на крај и на самиот Вучиќ.

Од страна на опозицијата стигнуваат пораки дека изборите треба да се бојкотираат, бидејќи не постојат фер и демократски услови.

Испитувањето на пулсот на јавноста почна уште кон крајот на 2018 година со тврдењата на владејачката српска напредна партија  дека со критиките на политичката сцена се доведува во прашање легитимитетот на партијата и дека најдобро решение е тоа да се провери на избори.

Нови рочишта за „Титаник" и „Титаник 3"

Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за предметот „Титаник", што се однесува на изборни нерегуларности.

На последното рочиште беа презентирани материјални докази – документи, списоци од избирачки места, телефонски разговори

Во овој случај обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.

Судење денеска треба да се одржи и за случајот „Титаник 3" во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ. Тие се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал./МИА

Мајлинда Брегу на средби во македонскиот Парламент

Генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу денеска ќе се сретне со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери.

Брегу, која од вчера е во работна посета на Република Македонија, ќе се сретне и со претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби.

Во рамки на посетата, Брегу вчера имаше средба со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. /МИА

притисни ентер