Екс премиерот Груевски ќе чека нов термин за отслужување на казната затвор

Експремиерот Никола Груевски ќе чека нов термин да се јави во затворот во Шутка за извршување на двегодишната затворска казна, која му беше досудена за набавката на луксузниот Мерцедес.

Според упатниот акт, тој требаше најдоцна до денеска да се пријави во затворот, но поради поднесените жалби до Кривичниот суд за одложување на затворската казна терминот се пролонгира.

Од Судот велат дека рокот за поднесување на жалбите истекува денеска, а досега почнале да пристигаат поединечните жалби на сите адвокати од тимот на Груевски, а се чека и личната жалба од него, по што ќе почне да тече рокот од три дена во кој Кривичниот совет ќе треба да одлучи дали ќе го одложи издржувањето на казната.

Ова е предвидено во членот 91 од Законот за извршување на санкциите.

Имајќи го во предвид членот 91 од Законот за извршување на санкциите значи дека Кривичниот совет по жалбите на Груевски мора да одлучи најдоцна до понеделник, но одлуката може биде донесена и утре. Во случај доколку тие ги одбијат жалбите, експремиерот ќе мора да оди во затворот во Шутка.

Каква одлука и да биде донесена, Груевски ќе може да се жали и до Врховниот, откако предметот ќе биде комплетиран во Кривичниот суд. Меѓутоа, овој процес нема да го одложи евентуалното влегување во затвор на експремиерот.

Како можна опција од вчера се актуелизираше и алатката за помилување со која може да располага претседателот Иванов. Ова се наметна по вчерашниот протест за “Правда за Груевски” кој се одржа пред Кривичнит суд, во кој демонстрантите побараа од претседателот да го запре, како што велат, политичкиот прогон.

Премиерот Заев денеска не сакаше да го коментира барањето на демонстрантите, рече дека не верува оти ќе се случи амнестија.

Вчера собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања донесе одлука за одземање на мандатот на Груевски, но најавите на двете опозициски пратенички групи дека ќе гласаат „против“ на пленарната седница, која ќе се одржи утре, укажуваат на тоа дека нема да има двотретинско мнозинство за Груевски да остане без пратеничката функција.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина нема да остане втор мандат

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, нема да остане втор мандат на функцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според РСЕ, Лајчак од 1 септември ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Лајчак е поранешен министер за надворешни работи на Словачка и беше назначен на функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во април 2020 година.

Засега нема информации кој ќе го наследи Лајчак на оваа функција. Според извори на РСЕ, дискусиите на ниво на ЕУ почнале, но одлуката ќе биде донесена по европските избори во јуни годинава.

Оваа недела беа именувани 43 европски амбасадори во различни земји низ светот. Меѓу нив се и новите амбасадори во Босна и Херцеговина и Косово.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

По Mицкоски на средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија беше и преседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на која разговараа за приоритетите во економијата.

Захарова: Русија нема да учествува на конференцијата за Украина

Русија нема намера да учествува на конференцијата за Украина, чија можност ја спомена украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Претходно Кулеба изјави дека преговорите со Русија за решавање на вооружениот конфликт со Украина би можеле да се одржат меѓу првиот и вториот самит за „формулата за мир“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Русија нема намера да учествува на таква конференција. Формулата на Зеленски не е ништо друго освен алхемија“, истакна Захарова.

притисни ентер