Фото: Ема Томпсон се обидела да го бакне принцот Вилијам, но, тој ја одбил

На доделувањето на титули и ордени во Бакингемската палата во Лондон синоќа била и популарната актерка Ема Томпсон.

Познатата актерка од принцот Вилијам ја примила титулата дама за своите достигнувања во уметноста. Титулата дама е во ранг со титулата витез, што значи дека се смета за една највисоките титули кои граѓаните можат да ги добијат.

Ема Томпсон инаку е блиска пријателка на принцот Чарлс и младите принцови Вилијам и Хари ги знае од деца.

По завршувањето на церемонијата, Ема го прашала принцот Вилијам дали може да го бакне , што тој веднаш го одбил.

На кратко и одговорил дека целата оваа церемонија нема никаква врска со него туку со неа.

Памела Андерсон збесна откако наместо за сиромашните , донациите се наменија за Нотр Дам

Актерката Памела Андерсон бесна ја напуштила хуманитарната гала претстава откако видела дека наместо за сиромашнитре деца , дел од парите се префрлаат за однова на катедралата Нотр Дам во Париз.

Памела Андерсон беше гостинка на синоќешната вечера на фудбалскиот клуб Олимпик од Марсеј , каде се собирала помош за сиромашните деца од градот. наеднаш , во текот нa вечерта 100 000 од парите се намениле за обновување на катедралата Нотр Дам во Париз. Андерсон , која е во врска со фудбалерот Адил Рами од Олимпик , не можела да издржи и бесно ја напуштила вечерата.

Таа подоцна напиша дека парите се неопходни за децата , а за Нотр Дам веќе има собрано над милијарда евра.

,,Бев толку лута и разчарана што го прашав Адил дали може да си одиме. И си отидовме.” , напиша Памела на Твитер.

Без да и одговори директно нa Памела , од клубот денеска објавија дека биле собрани вкупно 439 760 евра , а американскиот претседател на фудбалскиот клуб од Марсеј, Френк МекКорт веќе најави дека дел од парите има намера да ги донира за обнова на катедралата Нотр Дам.

Салма Хајек ја покажа ,,тајната” тетоважа на градите

Актерката Салма Хајек ги почести своите фанови на Инстаграм со интимна фотографија.

На фотографијата актерката е гола , а на левата града се гледа мала тетоважа на птица. ,,Мал поглед на тајната тетоважа на Соња Кинчад” , напишала актерката под фотографијата.

Познато е дека Селма Хајек нема вистинска тетоважа , па се претпоставува дека тетоважата е направена привремено за некој нејзин лик.

Салма во моментов снима акционен трилер во Хрватска заедно со Семјуел Л. Џексон и со Рајан Рејнолдс.

Најплатената манекенка на светот се обиде да им избега на папараците (ФОТО)

Најплатената манекенка на светот со капче на главата и во хеланки, се обиде незабележано да отиде на ручек во ресторан на Беверли Хилс.

Иако го криеше лицето со големите очила за сонце , папараците сепак ја препознаа Кендал Џенер. Таа очигледно ен размислувала за модни креации пред да замине на ручек.

Облечена во хеланки и без шминка, без градник под маицата , Кендал очигледно не очекувала дека некој ќе ја препознае.

Но , според Форбс таа две години едноподруго е прогласена за најдобро платена манекенка на светот , а една од најпрестижните ревии е онаа на Викторијас Сикрет.   

притисни ентер