Кривична пријава за битолчанец поради закани на фејсбук за пратеници

СВР Битола ќе поднесе кривична пријава против триесет годишното лице А.С. од Битола поради споделена објава на социјалната мрежа Фејсбук со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Република Македонија. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Димитриевски: Денеска ЗНАМ ја испишува новата политичка историја

Прес конференција одржа претседателскиот кандидат Максим Димитеиевски и претседатле на ЗНАМ.

Димитриевски рече дека денеска се роди третата политичка сила во државата со цел еден ден граѓаните да имаат можност да бидаат нешто ново.

Се продава омилената Honda NSX на легендарниот Аиртон Сена (ВИДЕО)

Наскоро ќе се навршат 30 години од трагичната смрт на Аиртон Сена, а во оваа прилика на продажба пристигна неговиот омилен личен автомобил.

Легендарниот Ф1 пилот ја обожаваше Honda NSX, во чиј развој и тој лично учествуваше. Познат и како јапонско Ферари, NSX е сигурно најдобрата Хонда на сите времиња, а според многумина, најдобриот јапонски суперспортски автомобил.

Затоа, не е чудно што Сена имаше три примероци. Најпознатиот, кој се појавува и во документарниот филм Racing Is In My Blood, убав пример кој го поминал животот на португалските патишта, сега го нуди Auto Trader, а автомобилот се продава за 500.000 фунти.

За оваа не мала сума добивате повеќе од автомобил. Тоа е уникатно парче од историјата и веројатно најпрепознатливиот артефакт на легендата на Ф1. Овој болид го возеше трикратен шампион во Формула 1 кој победи на 41 Гран При и беше инспирација за многу возачи денес, вклучувајќи го и Луис Хамилтон. Загина трагично на 1 мај 1994 година на Големата награда на Сан Марино.

Сегашниот сопственик Роберт Мекфаган го купил NSX во Португалија и оттогаш се грижи и го разгалува. Автомобилот поминал околу 63.000 километри, а единствениот услов на продавачот е автомобилот да биде предаден во август по изложбата на Сена во Силверстоун.


Пендаровски: Нема предавање, продолжувам во вториот круг

Почнува прес конференцијата на кандидатот за претседател на СДСМ , Стево Пендаровски.

Пендаровски вечерва рече дека по изборниот резултат нема да го зафати малодушност, дека продолжува понатаму во вториот круг.

притисни ентер