Некогашната Мис на светот сака да изгледа како познатата старлета? (фото)

Актерката Пријанка Чопра, мис на светот за 2000 година, не му одолеа на новиот тренд кој ја “полуде“ и најпознатата старлета Ким Кардашијан.

На забава во Лос Анѓелес во Лас Вегас убавата Индијка се појави со нова фризура, која повеќе фанови ги потсети на Ким Кардашијан.

Пријанка отсекогаш имала средна должина на косата па долгата рамна коса беше вистинско изненадување за сите.

Ниту аутфитот не заостануваше зад тој на Ким, па убавата мисица се одлучи за светликав мини фустан со корсет.

Колку овие две жени личат една на друга можевме да видиме на забавата која ја организираше „Tiffany&Co” каде беа фотографирани заедно за време на гала вечерта.

Foto: Getty

Смртна казна за расист кој до смрт измачуваше афроамериканец

Џон Вилијам Кинг  кој изврши најтешко измачување од расистички побуди во САД , ноќеска треба да биде егзекутиран во Тексас.

Расистот беше осуден на смртна казна зашто со синџири го врзал  афроамериканецот Џејмс Бирд Џуниор за својот камионет и го влечел речиси пет километри низ шумата во околината на местото Џеспер во Тексас. Овој страшен чин на измачување се случил на 7 јуни 1998 година и стана еден од најбруталните расистички злосторства во поновата исрторија на САД.

49- годишниот Афроамериканец бил жив првите три килломтери од измачувањето низ шумскиот пат , пред телото буквално да му биде распарчено.

Кинг отворено ги застапува своите расистички ставови , па дури има и тетоважа мна која е прикажан црн човек како виси обесен со јаже на вратот.

Доколку не дојде до помилување во последен момент , ноќеска Кинг треба да биде езгекутиран , со што ќе биде трет затвореник врз кого годинава во Тексас била спроведена смртна казна од вкупно четири случаи во сите САД.

Памела Андерсон збесна откако наместо за сиромашните , донациите се наменија за Нотр Дам

Актерката Памела Андерсон бесна ја напуштила хуманитарната гала претстава откако видела дека наместо за сиромашнитре деца , дел од парите се префрлаат за однова на катедралата Нотр Дам во Париз.

Памела Андерсон беше гостинка на синоќешната вечера на фудбалскиот клуб Олимпик од Марсеј , каде се собирала помош за сиромашните деца од градот. наеднаш , во текот нa вечерта 100 000 од парите се намениле за обновување на катедралата Нотр Дам во Париз. Андерсон , која е во врска со фудбалерот Адил Рами од Олимпик , не можела да издржи и бесно ја напуштила вечерата.

Таа подоцна напиша дека парите се неопходни за децата , а за Нотр Дам веќе има собрано над милијарда евра.

,,Бев толку лута и разчарана што го прашав Адил дали може да си одиме. И си отидовме.” , напиша Памела на Твитер.

Без да и одговори директно нa Памела , од клубот денеска објавија дека биле собрани вкупно 439 760 евра , а американскиот претседател на фудбалскиот клуб од Марсеј, Френк МекКорт веќе најави дека дел од парите има намера да ги донира за обнова на катедралата Нотр Дам.

Салма Хајек ја покажа ,,тајната” тетоважа на градите

Актерката Салма Хајек ги почести своите фанови на Инстаграм со интимна фотографија.

На фотографијата актерката е гола , а на левата града се гледа мала тетоважа на птица. ,,Мал поглед на тајната тетоважа на Соња Кинчад” , напишала актерката под фотографијата.

Познато е дека Селма Хајек нема вистинска тетоважа , па се претпоставува дека тетоважата е направена привремено за некој нејзин лик.

Салма во моментов снима акционен трилер во Хрватска заедно со Семјуел Л. Џексон и со Рајан Рејнолдс.

притисни ентер