Отворен Меѓународниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас"

Со отворање изложба на карикатури на тема „Часовникот на судниот ден", почна Меѓународниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас", кој одбележува 25 години од основањето.

Меѓународното жири одлучи првата награда годинава да му припадне на карикатуристот Муса Ѓумуш од Турција, втората на Олексиј Кустовски од Украина, а третонаграден е Амир Сохејли од Иран.

На сцената на Домот на културата „Тошо Арсов" во Виница, кој е организатор на манифестацијата, им беа доделени признанија на основачите на фестивалот.

– Сакаме да им се заблагодариме на луѓето чија визија пред две и пол децении ја зачна идејата за овој фестивал и кои на ова мало гратче му отворија нова страница од културната историја. Горди сме што „Ин Виница веритас" стана препознатлив белег за Виница и од година во година прераснува во значајна културна манифестација во нашата земја. Ние сакаме да го задржиме досегашниот континуитет на содржини кои го лоцираа на листата на меѓународни фестивали за карикатура, но отворени сме и за нови идеи кои ќе ја збогатуваат програмата и со сиот свој расположив капацитет ќе се залагаме тие да бидат реализирани, истакна градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.

Фестивалската програма ја отвори кабаретската претстава „Од две мајки браќа" со актерското дуо Никола Тодороски и Трајко Стаматоски, а за вечер е најавена промоција на антологијата на балкански афоризми „Трагачи по парадокси" од афористичарот и хуморист Миле Ѓорѓијоски, проследена со Меѓународната вечер на афоризми.

Годинава првпат ќе се одржи интернационална вечер на хумор и сатира со учество на театарот од бугарскиот град Трјавна кој ќе ја изведе комедијата „Љубов под хипноза".

Театарската програма на фестивалот, која ќе трае до 29 октомври, ќе ги донесе комедиите „Кец на десетка" во изведба на МНТ и „Дони Дарк" на театарот „Комедија" од Скопје, како и претставата „Мани, мани, мани" во изведба на Кумановскиот театар. Придружна едукативна содржина ќе биде работилница на тема „Театарски речник од деца за деца".

Покровител на фестивалот „Ин Виница веритас" е локалната самоуправа на Виница, а се организира со поддршка од Министерството за култура и од локалниот бизнис-сектор. /МИА

Словачкиот премиер Фицо ја затвора државната телевизија и ја претвора во нова

Словачката влада на популистичкиот премиер Роберт Фицо вчера одобри нацрт-закон со кој ќе се распушти јавниот радиодифузен сервис РТВС и ќе се претвори во нова медиумска институција, што предизвика загриженост кај опозициските политичари и новинарите.

Законот е последниот чекор во, како што велат критичарите, обидот на владата на премиерот Роберто Фико да ја зајакне контролата врз институциите во земјата.

Фицо, кој минатата година по неколку години во опозиција по четврти пат стана премиер, тогаш ја критикуваше јавната телевизија како пристрасна.

- Ситуацијата во РТВС е неодржлива, рече Фицо на вчерашната прес-конференција.

- Таа реално не може да биде објективна бидејќи е во спор со словачката влада. Со ова се нарушува основното човеково право на словачките граѓани да имаат објективни информации на располагање, додаде тој.

Владата на Фицо веќе ја затвори канцеларијата на специјалниот обвинител за борба против корупцијата, ги смени шефовите на полицијата и тајната служба и ја пренасочи својата надворешна политика подалеку од силната поддршка за Украина.

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) објави дека нацрт-законот ефективно го заменува „почитуваниот јавен радиодифузер“ и ја загрозува неговата независност. Министерката за култура Мартина Шимковичова, која претходно работеше во таа телевизија и е позната по ширење теории на заговор, е главен автор на законот.

Според новиот закон, кој се очекува парламентот да го изгласа во јуни, директорот на РТВС ќе биде разрешен неколку години пред истекот на неговиот мандат, а на негово место ќе дојде деветчлен совет кој ќе избере нов.

Министерствата за култура ќе предложат четворица членови на Советот, а останатите ќе бидат експерти назначени од парламентот. Ќе биде формиран и програмски комитет за следење на содржината, што критичарите го нарекуваат наметнување цензура.

Словачката опозиција остро го критикува законот и ја обвинува владата дека се обидува да го замени јавниот радиодифузен сервис РТВС со свој пропаганден медиум.

Неколку невладини организации веќе најавија дека ќе се обратат до Европската комисија и до Европскиот парламент во врска со предлог-законот за јавна радиодифузија. Тие сакаат да го свртат вниманието на контроверзните планови на владата, кои според нив се во спротивност со новиот европски закон за слобода на медиумите. /МИА

Врховен суд денеска со втора јавна седница по жалбата на таткото на убиената Вања

Врховен суд денеска  со втора јавна седница по жалбата на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања

Врховниот суд денеска ќе одржи јавна седница по жалбата на осомничениот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, против решението на Апелацискиот суд Скопје за мерката притвор. Ова ќе биде втора јавна седница пред Врховниот суд, по мерката притвор на таткото на Вања. Ѓорчевски, се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, споделувал информации со другите осомничени за движењето на неговата ќерка.

Претходно во март годинава, врховен ја одби жалбата против мерката притвор на Ѓорчевски како неоснована. Вања Ѓорчевска, која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче Жежовски, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември. За двете убиства, за две кривични дела – „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“, првообвинет е Љупчо Палевски Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се наоѓаат во притвор во Скопје.

ДИК: Стево Пендаровски 180.306, Gордана Сиљановска Давкова 362.682

Немам зборови со кои можам да ја изразам благодарноста, овој резултат е инспиративен за мене, порача Силјановска. 

Резултати што Државната изборна комисија ги објави утрово на својата веб-страница покажуваат дека од обработени речиси 100 проценти од гласачките ливчиња, најмногу гласови на вчерашните претседателски избори освои кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова 362.682 или (40,08%),со двојна предност пред Стево Пендаровски од СДСМ кој освои 180.306 или 19,93%.од гласовите ,Бујар Османи е на трето место со освоени 120.903 или 13,36% од гласовите.

Немам зборови со кои можам да ја изразам благодарноста, овој резултат е инспиративен за мене, порача Силјановска. Оваа власт паѓа, остваривме историска победа изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

притисни ентер