Мицкоски ги разреши Јанчев и Костадинов од сите партиски функции

Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци, потврди за „Фокус" дека на вечерашниот Централен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, е разрешен од функцијата потпретседател на партијата.

Тој најави оти утре ќе излезе со детали и официјална изјава за настанот.

И членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Костадин Богданов во изјава за „Фокус" потврди дека вечерва е разрешен од партиската функција.

– Јас не сум присутен на седницата на Централниот комитет, но претставници кои се таму ме инфомираа дека сум разрешен. Едноставно имаме спротиставени визии со Претседателот за патот по кој треба да се движи партијата и развива државата. Разликите особено дојдоа до израз во последните неколку месеци кога се актуелизира Договорот од Преспа. Според мене, тоа беше, но и се уште е, моментот во кој партијата требаше јасно и конкретно да ја покаже својата евроатлантска заложба. Јас длабоко верувам дека Македонија ќе биде просперитетна држава, членка на НАТО и ЕУ преку Договорот од Преспа. Истовремено, се залагам и ќе се залагам за модерна народна партија во која неистомилениците нема да се исклучуваат од партијата, изјави Богданов. /МИА

Пендаровски во Прилеп: Не смееме да дозволиме да се вратиме назад во времето на Груевски

Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски во Прилеп потсети на времето на Груевски и рече дека не смееме да се вратиме назад.

Пендаровски ги повика прилепчани да гласаат во вториот круг на изборите за него, зашто само со концептот Зедно може да се оди напред кон ЕУ и НАТО.

Големи шумски пожари пустошат низ Норвешка (ВИДЕО)

Стотици луѓе се евакуирани од домовите поради големите шумски пожари на северот на Норвешка.

Само во малото гратче Сокндал се евакуирани 150 домаќинства , каде пшожарот во тој регион беснее од вчера. Пожарникарите велат дека пожарите и натаму се надвор од контрола , поради силниот ветар што го разгорува.

Норвешките власти се загрижени поради пожарите , не само за уништените големи површини под шума , туку зашто никогаш претходно немало шумски пожар во овој период од годината , особено на северот , каде претходните години се уште имало снег.   

Оштетени голем број објекти при деактивирање на бомба од Втората светска војна

Во германскиот град Регенбург денеска беше деактивирана биомба од Втората светска војна на самото место .

Неколку илјади жители во тој дел на Регенбург биле евакуирани , пред да се изврши контролираната детонација на бомбата тешка 250 килограми. Од полицијата соопштуваат дека при детоинацијата на бомбата се оштетени голем број станови и фасади на деловни и стопански објекти во околината.

Бомбата била најдена во близина на пристѕаништето на реката Дунав , а експлодирала во раните утрински часови . Поради оштетениот дел за активирање , не било возможно бомбата да се пренесе на друго место , а детонацијата се слушнала во целиот град.

Жителите негодуваат зашто речиси секојдневно при градежни работи се наоѓаат неексплодирани бомби од Втората светска војна.

притисни ентер