"Елешник" е претстава за дадениот збор, за образот и чесноста на една бескрајна љубов кои стануваат робови притиснати од стегите на лакомоста, отуѓеноста и лошото влијание на "брзото живеење" .
"Немоќниот човек, робот со одземена самодоверба, лажно ја црта својата среќа. Среќа изградена од материјални добра, далечна, надвор од "себе си". Таму некаде. А чесноста останува чесност, со гордо крената глава, готова да се спротивстави на злото. Да го претвори во љубов, мракот во светлина, грдосијата во убавина, чекањето во "постоење". - потенцира режисерката Елеонора Теова, соопштуваат од велешкиот театар.
Оваа најнова придукција на Велешкиот театар е дипломска претстава по театарска режија на Елеонора Теова на Факултетот за драмски уметности во Скопје, за која дизајнот го изработи Филип Коруновски, а автор на музиката е Сашко Костов.
Во претставата настапуваат актерите Кети Борисовска, Андреј Серафимовски, Самоил Стојановски, Фаик Мефаилоски, Марина Поп-Панкова, Кирил Гравчев, Жарко Спасовски и Кристина Нацева.
Првата реприза на претставата е веќе закажана за во вторник, 30 октомври во 20 часот. Билетите за истата се веќе во продажба на билетарницата на театарот.