Миленко Неделковски приведен во полициска станица

Неколку дена откако заработи кривична пријава за ширење на омраза кон Грците, Миленко Неделковски попладнево е приведен во полициска станица.. Детали за причините засега нема..

Полицијата попладнево го уапсила новинарот Миленко Неделковски. Според извори на Канал 5 , тој прво бил однесен во полициска станица во Велес, а се очекува да биде префрлен во Скопје. За приведувањето и тој самиот се огласи преку Фејсбук статус, дека на неговата врата дошле полицајци да го уапсат, без да ја образожат причината за приведувањето.

На врата ми е дојдена полиција да ме уапси. Без некоја посериозна причина. Имаат "покана", но немаат детали зошто, како, кај кој инспектор, кога...

Фашистите од режимот на Зоран Заев се решени да апсат и уништуваат по секоја цена. , пишува Миленко Недековски на Фејсбук.

Која е причината за приведувањето на Неделковски се уште не се знае. Од МВР засега не соопштуваат официјална информација. Апсењето на Неделковски доаѓа неколку дена откако Јавното обвинителство поднесе обвинителен предлог против него за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, но засега нема информација дали се работи за истиот предмет.

Според обвинителството, тој се товари дека на 24 јули годинава во јавноста промовирал омраза против група врз основа на етничка припадност. Односно, се работи за статус на Фејсбук кој бил објавен по повод пожарот на грчкиот полуостров Атика во кој имаше и човечки жртви.

За ова кривично дело според законот предвидена е казна затвор од една до пет години.

Од она што го објави обвинителството во петокот, осомничениот не дал исказ пред надлежен јавен обвинител, бидејќи не бил достапен на неговата адреса за да му биде врачена поканата.

Успешна мисија на кинески сателити- направија неверојатни снимки од Земјата и Месечината (ФОТО)

Лунарните кинески сателити - Кеџиао-2, Тијанду-1 и Тијанду-2 - започнаа со комуникациски и навигациски тестови за идните мисии.

Тие на командата ѝ испратија и исклучително интересна фотографија од Месечината со Земјата во позадина, пишува LiveScience.

Сите три сателити беа лансирани со ракета-носач Long March 8 на 19 март, а влегоа во орбитата на Месечината на 12 април.

- Националната вселенска администрација објави дека сателитите кои орбитираат околу Месечината, изградени од Кинеската академија за воздушна наука и технологија ги завршија комуникациските тестови на орбитата. По проценката, сателитите функционираат нормално и извршуваат задачи на мисијата. Тие можат да овозможат комуникации за четвртата фаза од проектот за истражување на Месечината. Мисијата е полн погодок – изјавија од кинеската вселенска агенција CNSA.

Во последните 20 години, Кина посвети многу внимание на лунарната програма, па во 2007 година стана третата земја што слета вселенско летало на Месечината (по САД и СССР) и прва што го сторила тоа во 21ви век. (Минатата година тоа беше направено од Индија, а оваа година од Јапонија.) CNSA планира да испрати уште неколку сонди на површината на Месечината, а потоа да испрати човек до сателитот на Земјата во текот на следната деценија.

Петмина мигранти, меѓу кои и дете, се удавија при обид да го преминат Ламанш

Најмалку пет мигранти загинаа, меѓу кои и едно дете, додека се обиделе да го преминат Ла Манш и да стигнат до Англија во близина на брегот на Вимеру.

Несреќата се случила утрово околу 5 часот и 30 минути, изјавил градоначалникот на Вимеру, пренесува БФМ ТВ.

Според градоначалникот, спасени се 48 лица, спасувачите се уште трагаат по чамецот, а плажата Вимеру е затворена.

Локалните власти соопштија дека во бродот имало 110 луѓе.

Претходно, во ноќта меѓу 13 и 14 јануари пет лица загинаа на брегот на Вимеру додека се обидуваа да заминат за Британија.

Околу 36.000 мигранти се обиделе да стигнат до Англија преку Ла Манш минатата година.

Прва објава на Кејт Мидлтон, откако откри дека има рак- има посебен повод (ФОТО)

Инстаграм профилот на Кенсингтонската палата објави фотографија од најмладиот син на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, принцот Луис, по повод неговиот 6-ти роденден.

Фотографијата ја направила неговата мајка.

На фотографијата е насмеаниот принц Луис, кој денес полни 6 години.

„Среќен 6-ти роденден, принц Луис. Ви благодариме на сите за убавите желби“, пишува на фотографијата.

Ова е прво јавно појавување на војвотката од Велс по долго време откако таа се повлече од јавниот живот откако објави дека боледува од рак. Фотографијата на младиот принц ја направила Кејт, која досега многупати фотографирала детски портрети.

Според Sky news, фотографијата е направена во последните неколку дена во Виндзор и се верува дека е немонтирана.

Медиумите пишуваат дека Вилијам и Кејт ја објавиле фотографијата за да им се заблагодарат на сите што им испратиле честитки, а во исто време ја штитат нивната приватност.

Изминатите неколку месеци беа предизвик за семејството откако Кејт објави дека боледува од рак.

Иако се зборуваше дека таа најверојатно ќе се врати на кралските обврски по Велигден, тоа се уште не се случило.

притисни ентер