Членовите на Собраниската комисија вечерва гласаа со изедначен број гласови за одземање на имунитетот на пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ , Трајко Велјаноски , поранешен претседател на Собранието.
„Тоа не значи дека е одбиено и не значи дека се препорачува негово прифаќање. Оваа тема на расправа ќе биде пренесена за одлучување на пленарната седница како што секогаш се прави“, рече претседателот на киомисијата Павле Богоевски.
Богоевски истакна дека на крајот на денот за имунитетот на одреден пратеник не одлучува самата комисија туку одлучува Собранието во целина.
Во моментот на гласањето вечерва не беше присутен пратеникот од ДУИ, Агим Шаќири.
Притворот за Велјаноски го побара судија за претходна постапка од Кривичниот суд поради сомнение за организирање на настаните на 27 април 2017 , за што се обвинети и екс министрите Миле Jaнакиески и Спиро Риствоски.
На Јанакиески допонително му е одредена мерка домашен притвор , а Ристовски останува во затворот во Шутка.