Видео: Руска ракета се расипа по полетувањето, космонаутите се спасени

Американскиот астронаут Ник Хејг и рускиот космонаут Алексеј Овчињин успешно слетаа во Казахстан откако нивната ракета сојуз имаше дефект набрзо по лансирањето.

Ракетата откажа по полетувањето од космодромот Бајконур и двајцата астронаути со капсула со падобран се спуштија некаде во регионот на Казахстан.

Сојуз требаше да ги превезе американскиот астронаут и рускиот космонаут до меѓународната вселенска станица, но според првичните информации имало дефект на моторите на ракетата.

Според руската државна агенција ТАСС екипажот на сојуз е безбеден, со нив е воспоставен контакт и спасувачките екипи се во потрага по местото на приземјувањето на капсулата.

Според НАСА капсулата се вратила на земјата со „балистичка траекторија“, односно со слободен пад.

Продолжува ли обидот за манипулација со ЗНМ?

Денес се огласи и екс претседателка на ССНМ, Тамара Чаусидис, која намерно или сучајно ја доведува во забуна медиумската јавност

Имено , познатиот медиумски работник, г-ѓа Чаусидис, на чуден начин погрешно го толкува членот 34 од Статутот на ЗНМ и вели дека се броеле само оние кои ГЛАСАЛЕ.
За воља на вистината членот 34 е крајно јасен и прецизен и во ставот 2 вели :„ Претседателот на ЗНМ се избира со мнозинство гласови од присутните на изборното собрание.“
Значи - самиот Насер Селмани и неговото раководство, го ставиле или задржале членот 34 од нивниот Статут, во кој доминира зборот ПРИСУТНИ, волшебниот збор кој вчерашното Изборно собрание го делегитимираше!
За потпестување , зборот ПРИСУТЕН означува и се однесува на некого кој „присуствува негде, на некој настан.“

Нејасно е дали и Чаусидис е дел од некоја „игра“ или ненамерно не прави разлика помеѓу ПРИСУТНИ и ОНИЕ КОИ ГЛАСАЛЕ, па таа самата си толкува што се „смета“ а што не. 

За нејзина жал, Статут на ЗНМ е доследен,и од него произлегува дека - 86те гласа за Младен Чадиковски го прават НЕЛЕГИТИМЕН Претседател !
На потег се новинарите но и  државните институции.

Маж и две жени загинаа при превртувањето на македонскиот автобус близу Лесковец

 Маж и две жени загинаа во сообраќајната несреќа близу Лесковац во која се преврте автобус со македонски регистерски таблички, јавија српски медиуми. Во тек е идентификација на жртвите.

Четири патници се со повреди опасни по живот, и префрлени се во Клиничкиот центар во Ниш додека останатите се задржани во болницата во Лесковац.

Возачот и совозачот не се повредени, но не смеат да даваат изјави за медиуми. Тројца од патниците со тешки повреди се на интензивна нега во одделот Хирургија болницата во Лесковац додека еден е на Ортопедија. Останатите патници, – 23, се со полесни повреди, а вкупно се повредени 32 лица.

Забрана за камиони на патот Крива Паланка – Деве Баир

Поради интензивни врнежни од снег, на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најави претежно облачно време со повремени врнежи кои поради спуштање на студен воздух од север речиси насекаде ќе преминуваат во снег, освен на југоистокот. Врнежи повеќе ќе има во претпладневните часови во централните и источните делови од земјава, а попладне постепено ќе се преместуваат кон исток и ќе престануваат.

Претходно ЈП „Македонија пат" апелираше до возачите да ја прилагодат брзината кон условите на патиштата поради интензивните врнежи од снег кој надоаѓа од север.Потребно е особено внимателно управување на возилата на планинските премини.

притисни ентер