Архимандрит Партениј ја прими наградата од Европскиот парламент во Брисел

Во рамките на програмата „Наградување на исклучителни Европјани“, чијашто цел е да ги поттикнува хуманоста, мирот и доброљубието, Европскиот парламент оваа година награди педесет поединци и организации, меѓу кои и Игуменот на Бигорскиот манастир - Архимандрит Партениј, како единствен добитник на наградата од Македонија

На главната церемонија која се одржа во една од свечените сали на Парламентот на Европската Унија во Брисел, во присуство на многубројни европратеници и гости, од страна на вицепретседателот на Европското собрание, г-ѓа Силви Гијом, на лауреатите официјално им беше врачена грамотата за почесниот европски медал. Потоа добитниците на оваа исклучителна награда беа поздравени и од Претседателот на Парламентот, г. Антонио Тајани.

Краткото резиме за личноста на отец Партениј, како добитник на наградата гласеше вака:

„Добитникот на наградата Европски Граѓанин од 2018, Игуменот на Бигорскиот Манастир*, Архимандрит Партениј, веќе две и пол децении интензивно се занимава со хуманитарна дејност, работејќи со социјално ранливи категории, коишто се особено актуелен проблем на денешницата. Во духот на Европската култура и цивилизација значајно придонесува за градење мостови и унапредување на соработката меѓу народите на културно и духовно поле, како и јакнење на соживотот и меѓусебното почитување“.

 Среде бројните личности коишто му честитаа на отец Партениј за големата награда беа: сегашниот Претседател на Европскиот парламент, г. Антонио Тајани, поранешниот, г. Ханс Герт Петеринг, заменик-претседателот, г. Димитриос Пападимулис,  како и неколку други политичари од Европската Унија. Со сите нив отец Партениј разговараше за евроинтеграцијата на Македонија и ги замоли да помогнат во тој процес.

Наградата „Европски Граѓанин“ била воведена во 2008 година, а Европскиот парламент ја доделува на граѓани и организации, коишто дале значителен придонес или исклучителна посветеност за подобро взаемно разбирање и потесна интеграција меѓу граѓаните на ЕУ, или за подобрување на прекуграничната и транснационалната соработка во ЕУ; придонес и за долгорочна, прекугранична и транснационална културна соработка што го зацврстува европскиот дух и хуманоста; за негување на вредностите опишани во Повелбата за основни човекови права во Европската унија. Таа е претставена преку почесен медал и грамота, потпишана од Претседателот на Парламентот.

Меѓу овогодишните добитници на наградата „Европски Граѓанин“ беа неколку добротворни организации од Романија, Грција и Кипар, од кои едната, „Кивотот на светот“, е раководена од православниот свештеник, отец Антониј од Грција, а се занимава со помагање и згрижување на напуштени и незаштитени деца. Меѓу добитницте се најде и академик Пјер Маврис од Франција, главниот иницијатор на програмата за размена на студенти „Ерасмус“. Најстариот лауреат е г. Михаи Сора од Романија, филозоф и есеист, роден во 1916 година. Тој одржа импресивен говор, во кој нагласи дека имал можност да ја види Европа во урнатини, крв, раскината од војни, поробена од диктаторски режими, и затоа сега многу се радува што ја гледа обединета, со демократски дух.

Архимандрит Партениј е првиот добитник на оваа награда од Република Македонија.

НСДП одбележа 13 години од основањето

НСДП денеска во ресторантот „Национал", во Скопје, прослави 13 години од основањето и опстојувањето на македонската политичка сцена.

На прославата свое свечено обраќање пред членовите на партијата имаше претседателот Тито Петковски.

„Поминаа 13 години откако заедничи успеавме на партиската сцена да артикулираме  една благородна политичка идеја која се темелеше на принципите на демократијата, слободната и еднаквоста, идеја која пркосеше на тогашните партиски структури во политичкиот живот на Македонија, кои својот легитимитет  го втемелуваа на демократски дефицитарни процеси, на социјална стерилност, на уважување на тесни интереси на поедини моќни групи, а сето тоа на штета на јавниот интерес. Низ сите овие години поминавме низ многу премрежја, се соочивме со многу предизвици, тестови за нашата политичка созреаност.  Но идеите на кои ја втемелевиме НСДП, ние дадоа политичка виталност да истраеме, да се бориме и да продолжиме да се бориме", рече Петковски пред членовите на партијата.

Претседателот на партијата Петковски истакна дека НСДП покажа дека моралот и вредностите нужно не мора да бидат конфликтни со политичкиткото дејствување, политичките успеси може да се градат и без подлегнување на искушенијата на апсолутната моќ на власта.

„Нашата заедничка судбина сакаше да не стави во вртлогот на еден од најтешките исторски периоди со кои се соочи Македонија, а тоа е борбата против режимот на претходната власт. Со години македонското општество беше разјадувано од една екстремна концентрација на политичка моќ и корупиција во еден центар, за кој демократијата и слободата беа најголемата закана. Во тој повеќегодишен мрачен период на политичката сцена, останавме на линијата која ја исцртавме уште при основањето на партијата, а тоа е негување на демократските вредности и нетолерантност за криминалот и корупцијата.  Овие лесни мотиви ни дадоа сила и истрајност во патот кој го изодивме како опозиција на една отуѓена и ненародна власт. Успеваме да дадеме и свој белег во затворањето на тоа мрачно поглавје од созревањето на македонската држава. Активно партиципиравме во најзначајни процеси за идината на Македонија кои се отворија со објавувањето на т.н. „бомби". Соочувајќи ја јавноста со бруталноста и трулоста на претходната власт, македонското општество влезе во политичка катарза, за чие надминување од политичките партии беше потребно да покажат државотворен капацитет, визија за идните развојни линии на државата, и секако кадровски капацитет конкретно да се одогвори на овие политички моменти. Преземавме дел од одговорноста активно да се вклучиме во овие процеси, да дадеме придонес и белег во градењето на капацитетите на државата и нејзиниот одговор за надминување на напласнатите повеќедеценски проблеми кои ги оптеретуваат граѓаните на нашата држава.

 ", порача Петковски.

Осврнувајќи се на партиципирањето на НСДП во централната и локалната власт, Петковски нагласи дека партијата презема дел од одговорноста во водењето на државата во најзначајниот историски момент со кој се соочува.

„Во овој историски момент, а тргнувајќи од нашите цврсти определби Македонија да е земја на демократијата, владеењето на правото и социјалната благосостојба,  а на кои истрајуваме веќе 13 години, нашиот избор и став е јасен, а тоа е да бидеме дел од демократскиот свет, да обезбедиме цврсти гаранции за подобар живот за идните генерации преку полноправно членство во ЕУ и НАТО", рече Петоквски.

Служба за односи со јавност на НСДП 

Премиерот Заев испрати телеграма со сочувство до семејството на Стојаноски

Премиерот Заев упати телеграма со сочувство за смртта на градоначалникот на Охрид Проф. д-р Јован Стојаноски, до неговото семејство, најблиските и пријателите.

Во телеграмата, премиерот Заев пишува дека смртта на Проф. д-р Јован Стојаноски, е огромна загуба за академската заедница, за Охрид, локалната заедница и за партијата СДСМ, за кои низ годините даде огромен придонес со своето посветено работење.

„Јован беше колега, пријател и голем професионалец посветен на својата визија Охрид да биде вистинска европска, културна и туристичка престолнина.

Знам дека не постојат зборови на утеха кои можат да ја намалат вашата загуба, но дозволете заедно да ги споделиме чувствата на тага за загубата на вашето семејство“, пишува Претседателот на Владата на РМ Зоран Заев,  во телеграмата со сочувство за смртта на Проф. д-р Јован Стојаноски, до неговото семејство.

Царовска: Го зголемуваме опфатот за сместување деца од предучилишно образование

 Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во придружба на градоначалникот на Битола Наташа Петровска, во битолското село Кравари отвори нова детска градинка.

Станува збор за нов објект со високи стадарди, во кој ќе бидат згрижени деца од 2 до 6 годишна возраст за целодневен престој.

Градинката располага со две занимални, санитарна просторија за деца и кујна.  За опремување на просторот МТСП издвои 696 илјади денари и обезбеди пет нови вработувања.

– Четриесет деца од селото Кравари ќе имаат можност да добијат квалитетно предучилишно образование, а нивните родители подобро вклучување во пазарот на труд, што значи правиме две добра. Воедно ја реализираме нашата определба како Влада за проширување на опфатот на деца од предучилишно образование, и од сегашните 30 проценти планираме да стигнеме до 50 насто од опфат на деца. Со одлука на Владата и врз основа на склучениот договор со Светска Банка во наредните 4 години ќе инвестираме 16 милиони евра во зголемување на инфраструктурниот капацитет за сместување на деца со предучилишно образование. За 1,5 година, опфатот за сместување на деца го зголемивме за 1.300 и тоа навистина е голема инвестиција, посочи Царовска.

Општина Битола издвои еден милион денари за доопремување на три занимални и тој процес наскоро ќе биде завршен, најави градоначалничката Петровска на свеченоста во селото Кравари.

– Потребата за сместување на деца во детските градинки во Битола е голема, и само во Јавната установа детски градинки „Естреја Овадија Мара" во овој момент има барања со листа на чекање од 500 деца, а потребите постојано се зголемуваат. Интересот за ран детски развој е поголем, а ние како локална самоуправа ќе одговориме на тие барања, посочи Петровска.

Министерката Царовска учествуваше на панел на Саемот за кариера во Битола, кој вчера и денес се одржува во Битола, а го посети новоотворениот Ресурсен центар за слепи лица во овој град.

притисни ентер