Слеп Француз брутално исфрлен од продавница поради неговото куче- водич(ВИДЕО)

На социјалните мрежи во Франција владее вистински хаос , откако беше објавено видео како слеп човек е избркан од супермаркет поради забрана за неговото куче – водич.

Артур Омоите објави видео од неговото непријатно искуство во супермаркет во близина на Марсеј , каде бил заедно со неговото куче- водич , Лоја. На видеото се гледа како вработен во маркетот му вели дека тој и неговото куче треба да го напуштат објектот од хигиенски причини.Потоа друг вработен го изнесува кучето водич на слепиот човек.

Инцидентот , што предизвика бура од реакции во Франција е снимен од човек кој бил во придружба на Омоите. Тој дури и се труди на вработените да им ги објасни законите според кои лицата со оштетен вид може да влегуваат во сите јавни установи со своите животни , кои им помагаат. Листот хартија , кој се гледа на видеото е всушност правилникот за слепи лица и нивните животни.

Откако човекот одбил да го напушти маркетот и побарал да викнат полиција , еден од вработените почнал да го турка кон излезот, а друг го избркал кучето.

По скандалот во јавноста, супермаркетот му се извинил на човекот со оштетен вид.

,,Запиши ме или пукам” – тинејџер и се закани со пиштол на професорка (ВИДЕО)

Видеото во кое тинејџер со пиштол и се заканува на професорка ја потресе целата франџуска јавност, реагираше и претседателот Макрон.

Француски тинејџер (15) е обвинет за насиле напад со предумисла откако во средното училиште во париското предградие Кретеј донел лажен пиштол и и го вперил на професорката.

Еден од неговите соученици го сними инцидентот и во четвртокот го објави на социјалните мрежи. Локалните медиуми известија дека тинејџерот изјавил се требало да биде шега и не знаел дека го снимаат.

Професорката во петокот го пријавила случајот, по што ученикот со татко му биле приведени во полиција. На видеото се гледа како тинејџерот и вика на професорката да го отвори дневникот и да запише дека е присутен на час , на што таа продолжува да работи на компјутерот и да им се обраќа на другите ученици.

Медиумите јавуваат дека ученикот се налутил зашто добил неоправдан изостанок иако само задоцнил на час.

Францускиот претседател Емануел Макрон потегот на ученикот го прогласил за неприфатлив.

Шкода ја претстави новата Fabiа Combi Scoutline (ФОТО)

Шкода ја претстави новата Фабија , наменета за потешки услови на возење.

Fabiа Combi Scoutline е најмал хечбек со сите елементи на возилата од серијата Scout. Возилот сепак нема погон на сите четири тркала, за сметка на погонските можности како и во моделот Fabiа Combi.

Станува збор за 1,0- литарски MPI атмосферец со  60 или 75 KS, како и  1,0-литарски  TSI турбо бензинец со 95 или 110 KS. 

Fabia Combi Scoutline има опциски пакети со ЛЕД предни и задни светла, како и системи за асистенција и возење како Auto Light, Blind Sport Detect и  Rear Traffic Alert.

По девет години , заврши изградбата на најдолгиот мост на светот (ВИДЕО)

Наскоро ќе биде отворен најдолгиот мост на светот , што ги спојува Хонг Конг и кинескиот остров Макао со континентална Кина.

Мостот е долг 55 километри и чини 20 милијарди долари. Градбата на мостот почна пред девет години и конечно ќе биде отворен во текот на оваа недела . Така , овој мост и официјално ќе стане најдолгиот мост на светот преку море.

На отворањето на мостот во среда ќе присуствува кинескиот претседател Си Џинпинг и првите луѓе на Хонг Конг и на Макао.

Мостот ќе поврзува 56 500 квадратни километри на југот на земјата и 11 градови во кои живеат 68 милиони луѓе. Сега од Хонг Конг до Макако се патува за три и пол часот , а преку мостот за само половина час.

притисни ентер