Загинаа 50 патници во превртен автобус

Најмалку 50 патници загинаа , кога се преврте автобус во Кенија , кој сообраќал на редовната линија од главниот гард Најроби до Кисуму на запад на земјата.

Автобусот бил преполн и возел ммогу бргу , изјавил еден од преживеаните патници. Возачот изгубил контрола над автобусот , кој с епревртел на остра кривина, додека покривот целосно отпаднал.

Меѓу загинатите има 12 жени и седум деца. Во автобусот , што собирал не повеќе од 50 патници , се возеле над 70.

Според владината агенција за безбедност на патиштата , автобусот немал лиценца за превезување патници ноќе.

ЗНМ избира нов претседател меѓу Чадиковски и Наумов

Во атмосфера на оспорен легитимитет собранието на Здружението на новинарите на Македонија, избира нов претседател.

Гласањето заврши пред малку. Членовите на ЗНМ избираат меѓу Младен Чадиковски и Стојанче Наумов.

Седницата за избор на нов претседател на ЗНМ, на чие чело досега беше Насер Селмани, ја следи Ана Торевска.

 Кога се очекува исходот од гласањето и како помина досегашниот тек од изборното собрание.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Кој се ќе биде амнестиран за 27 април?

Кога законот за амнестија ќе се најде пред пратениците останува неизвесно.

 Иако веќе подготвен тој не е ставен како точка на пленарната седница која е закажана за понеделник. Според информациите тој треба да помине и низ партиските филтри па на почетокот на следната недела ќе се знае кога точно ќе биде обелоденет неговиот текст.

Од собраниската група за помирување велат дека во моментот траат конуслтациите во пратеничките групи и со правни ескперти, а  заклучоците ќе бидат разгледани на следната средба. Она што засега е извесно е дека нема да бидат амнестирани организаторите, извршителите на насилство и носителите на командна одговорност.

 Дел од експертите сметаат дека истражните органи досега имале доволно време за да утврдат кој се како организатор стои позади насилствата од 27 април. Поранешниот министер за внатрешни и актуелен лидер на ДС Павле Трајанов вели дека со Законот за амнестија се врши упад во судската постапка која е во тек, во ситуација кога голем дел од јавноста не се согласува со амнестијата.

Универзитетската професорка Мирјана Најчевска се согласува дека Законот за амнестија е удар врз правниот систем.

Најголемиот предмет кој се однесува на собраниските насилства од 27 април лани е во судска постапка која полека влекува во финиш. На следните неколку рочишта треба да се изведат дополнителните докази на дел од обвинетите по што се очекува судијката Добрила Кацарска да закаже завржни зборови.

Обвинителката Вилма Рускоска по последното рочиште кое се одржа вчера изјави дека не размислува за преквалификација на кривичните дела кои им се ставени на товар на 33та обвинети.

Андоновска:Нема никаква реализација на ветените проекти во здравството

Филипче и Заев да стават мораториум на сите проекти за јавно приватно партнерство во здравството, побараа од ВМРО-ДПМНЕ.

притисни ентер