Ураганот ,,Мајкл” ја погоди Флорида (ВИДЕО)

Ураганот ,,Мајкл” ја погоди областа во близина на градот Мексико Бич на Флорида со јачина од четврта категорија од максималните пет.

Според Националниот центар за урагани , ,,Мајкл” предизвика смртоносни бранови со брзина на ветрот од 250 километри на час.

Во налетите на ураганот , урнати се објекти во местото Панама сити бич. На над половина милион жители од таа област вчера им било наложено да се евакуираат.

Гувернерот на Флорида , Рик Скот, пред налетот на ураганот на својот твитер напиша,,Времето за евакуација помина. Ако сепак останете во зоната за евакуација, барајте скривалиште” , напиша гувернерот.

Претседателот Доналд Трамп денеска прогласи вонредна состојба на целата територија на Флорида.

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ ги разреши Јанчев и Богданов, побара исклучување за Мијалков и Тодоров

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница донесе одлука за разрешување на потпретседателот на партијата Митко Јанчев и членот на ИК Константин Богданов, побара и дисциплинска постапка за исклучување на Сашо Мијалков и Никола Тодоров.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница донесе одлука за разрешување на потпретседателот на партијата Митко Јанчев и членот на ИК Константин Богданов, побара и дисциплинска постапка за исклучување на Сашо Мијалков и Никола Тодоров, како и пратениците кои гласаа за уставните измени да ги вратат мандатите.

– На иницијатива на Христијан Мицкоски беше разгледан предлог кој тој го даде за одржување вонреден конгрес за гласање доверба за претседателот на партијата. Претседателот на партијата не присуствуваше на седницата и ЦК едногласно одлучи да го одбие овој предлог и смета дека партијата нема потреба да одржи вонреден конрес, посочи Николовски.

Посочи дека со оваа седницата на ЦК повеќе ништо нема да биде исто во ВМРО-ДПМНЕ, дека партијата завршува со хипотеките од минатото и продолжува напред силно и реформирано кон индината на Македонија.

– Заради дејствување спротивно на интересите на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија, заради силна сорабока со Зоран Заев како и организирање група за притисоци, уцени, закани и поткуп на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со цел да гласаат за уставни измени, ЦК го разреши потпретседателот на партијата Митко Јанчев и тоа го направи со тајно гласање, при што резултатот беше едногласен, изјави Александар Николовски потпретседател на ВМРО –ДПМНЕ, по завршување на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Николовски рече дека Константин Богданов е разрешен поради истите причини, а од месните комитети е побарано и да се поведе дисциплинска постапка против Сашо Мијалков и Никола Тодоров, за нивно исклучување од партијата.

– Сакаме да ја честитаме новата коалиција во Република Македонија. Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков, изјави Николовски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара од осумте пратеници кои гласаа „за" уставните измени да поднесат оставки од своите позиции, бидејќи работат спротивно на волјата на граѓаните.

– ЦК на ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство да ги истражи наводите за притисоци и уцени. За среќа ВМРО-ДПМНЕ има механизам да се прочисти и јасно да чекори напред, заклучи Николовски.

Николовски рече дека дека ВМРО-ДПМНЕ одржала историска седница на ЦК на партијата.

– ВМРО-ДПМНЕ има силен механизам изграден во партијата, што секогаш успева да ја прочисти партијата, да го исчисти она што е лошо и јасно да го избристи доброто. Повторно да се врати на идеалите и на корените и да се погледне во очи со македонскиот народ, рече Николовски.

Пет милиони долари казна за адвокатот на порно актерката , која имаше афера со Трамп

Адвокатот на Сторми Даниелс , порно актерката која имала афера со претседателот на САД , треба да плати казна од 4,85 милиони долари.

Судот во Калифорнија денеска донесе одлука адвокатот на порно актерката Сторми Даниелс , Мајкл Авенати , да плати 4,85 милиони долари казна на адвокат од неговата поранешна канцеларија. Инаку , Авенати најави дека би можел да се кандидира на следните претседателски избори во САД во 2020. Тој треба да плати казна поради тоа што пријавувал помала заработувачка .

Судијата нареди дека адвокатот мора да ги исплати парите на својот поранешен колега , кој го пријавил , зашто адвокатската фирма лажела за приходите и на тој начин изгубил милиони.

Оваа пресуда е само дополнување на износот од 10 милиони долари , колку што судот во мај определи дека Авенати треба да исплати за прикривање приходи.

Авенати и беше адвокат на порно актерката , која го тужи претседателот за тоа дека ја натерал да земе 130 000 долари и да молчи за врската за време на претседателската кампања во 2016.  

Мицкоски ги разреши Јанчев и Костадинов од сите партиски функции

Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци, потврди за „Фокус" дека на вечерашниот Централен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, е разрешен од функцијата потпретседател на партијата.

Тој најави оти утре ќе излезе со детали и официјална изјава за настанот.

И членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Костадин Богданов во изјава за „Фокус" потврди дека вечерва е разрешен од партиската функција.

– Јас не сум присутен на седницата на Централниот комитет, но претставници кои се таму ме инфомираа дека сум разрешен. Едноставно имаме спротиставени визии со Претседателот за патот по кој треба да се движи партијата и развива државата. Разликите особено дојдоа до израз во последните неколку месеци кога се актуелизира Договорот од Преспа. Според мене, тоа беше, но и се уште е, моментот во кој партијата требаше јасно и конкретно да ја покаже својата евроатлантска заложба. Јас длабоко верувам дека Македонија ќе биде просперитетна држава, членка на НАТО и ЕУ преку Договорот од Преспа. Истовремено, се залагам и ќе се залагам за модерна народна партија во која неистомилениците нема да се исклучуваат од партијата, изјави Богданов. /МИА

притисни ентер