Арда Туран предизвика инцидент, скрши нос на пејач

Турскиот фудбалер Арда Туран, предизвика тепачка во ноќен клуб, а во мешаницата настрада локалниот пејач Беркај, објавија медиумите во Турција.

Според информациите, Арда Туран бил пијан и се обидел да ја заведе девојката на пејачот, кој остро реагирал. Во тепачката Туран му го скршил носот на Беркај.

Пејачот веднаш бил однесен во најблиската болница за итна операција.Арда Туран наводно и рекол на девојката на Беркај дека би спиел со неа ако не бил оженет.

Поранешниот играч на Атлетико Мадрид на социјалните мрежи потврди дека имало инцидент, но одрече дека тој се случил поради неговите коментари кон девојката на Беркај. Сепак, не даде повеќе детали што точно била причината за настанатата ситуација.

Фото: „Жешката Алекс

Како да и се одолеа на преубавата Алекс Фалон??

Алекс е обична девојка од Лос Анџелес која одлично знае како да го привлече вниманието на мажите, но секако и припадничките на женскиот пол.

Одговорот е во провокативните фотки.

Шакира осомничена за неплаќање данок

Шпанското обвинителство ја обвини светската музичка ѕвезда Шакира за неплаќање на данок, наведувајќи дека пејачката од Колумбија од 2012 до 2014 годин не платила данок од 14,5 милиони евра.

Во обвинението се тврди дека Шакира ги навела Бахамите како свое официјално престојувалиште поради данокот, но всушност за тоа време тааживеела во Шпанија со својот партнер асот на Барселона фудбалерот Џерард Пике.

Според тужителите во Барселона , Шакира само на кратко поради професионални обврски патувала о странство, додека поголемиот дел од годината  го минувала во Шпанија. Сега тие бараат Шакира да плати данок во Шпанија на сите нејзини приходи од целиот свет.

Колумбиската пејачка официјално поради данок се преселила во Шпанија во 2015 година.

Сега судот треба да одлучи дали има доволно докази Шакира да биде изведена пред судење.

Почнуваат активностите во новогодишната населба „Винтерленд" во Скопје

Активностите во новогодишната населба „Винтерленд"  на плоштад „Македонија" во центарот на Скопје почнуваат денеска со со детската програма „Волкот низ приказните", улични забавувачи и дружење со Walt Disney маскоти.

„ВИНТЕРЛЕНД" ја сочинуваат украсени куќички каде што има катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер  за посетителите од сите возраста. Ќе има и топ за вештачки снег, со што ќе се дополни зимската слика, а за вљубениците во зимските спортови во населбата е поставено и лизгалиште на мраз.

Програмскиот дел  во текот на неделата почнува од 17 или од 18 часот, а во текот на викендите од 11 или од 12 часот, а трае до 22 часот, а во некој денови и до полноќ.

Во културно-забавната програма ќе учествуваат: Театарот за деца и младинци, Златно славејче, улични забавувачи, Walt Disney маскоти, балетската и фолклорна секција од ДКЦ, хоровите од средните училишта на Град Скопје „Никола Карев", „Раде Јовчевски-Корчагин",„Васил Антевски-Дрен",„Панче Арсовски", СУГС „Д-р Панче Караѓозов", СУГС „Јосип Броз-Тито" и „Орце Николов", како и ди-џеј  Flooder, ди-џеј  Милан Серафимов, Plan G, RNC Band, In the mood, Day OFF, Марко и Црни, DNK, Мина Блажев, ди-џеј Тина, Goce SAF, Лозано, Lady Blue, Peppermint, South Park, Салса бенд, Breakdown, Kepurdhat, Ѓоко Танески, Дарио,  Џоле Максимовски, Tafa&Theband  и Тони Зен.

Новогодишната програма и „Винтерленд" се поддржани од Делегацијата на Европската Унија која го обезбедува лизгалиштето што е поставено на плоштадот Македонија како дел од новогодишната населба. Исто така, настапите на средните училишта од Град Скопје, како дел од забавната програма, се поддржани од Делегацијата на Европската Унија.

Годинава  Дедомразовската трка ќе се одржи на  23 декември со почеток од 12 часот.

Град Скопје ги поканува граѓаните да дојдат во населбата „ВИНТЕРЛЕНД" и сите масовно да учествуваат во  предновогодишната  забава на која одличен додаток  ќе бидат греаното вино, пивото, топлите пијалаци и топлата храна.

притисни ентер