Објавени снимките од грабнувањето на новинарот на ,,Вашингтон пост” (ВИДЕО)

Турските медиуми објавија видео од безбедносните камери , каде се гледа дека новинарот на ,,Вашингтон пост” , бил грабнат во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека лично ќе се ангажира за да се открие вистината во врска со новинарот, на кого му се губи трагата откако влегува во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул .

Џамал Кашоги , познат новинар и критичар на саудиските власти , писчњезнал на 2 октомври , откако влегол во конзулатот за да извади документи за венчавка со турска државјанка. Турските власти наведуваат и дека новинарот е убиен и неговото тело е скриено , на што од конзулатот на Саудиска Арабија енергично демантираат.

Во исто време кога исчезнува новинарот , во Истанбул пристигнува група мажи од Саудиска Арабија , кои за кусо време си заминуваат од Турција , наведуваат извори од истрагата.  

Пет милиони долари казна за адвокатот на порно актерката , која имаше афера со Трамп

Адвокатот на Сторми Даниелс , порно актерката која имала афера со претседателот на САД , треба да плати казна од 4,85 милиони долари.

Судот во Калифорнија денеска донесе одлука адвокатот на порно актерката Сторми Даниелс , Мајкл Авенати , да плати 4,85 милиони долари казна на адвокат од неговата поранешна канцеларија. Инаку , Авенати најави дека би можел да се кандидира на следните претседателски избори во САД во 2020. Тој треба да плати казна поради тоа што пријавувал помала заработувачка .

Судијата нареди дека адвокатот мора да ги исплати парите на својот поранешен колега , кој го пријавил , зашто адвокатската фирма лажела за приходите и на тој начин изгубил милиони.

Оваа пресуда е само дополнување на износот од 10 милиони долари , колку што судот во мај определи дека Авенати треба да исплати за прикривање приходи.

Авенати и беше адвокат на порно актерката , која го тужи претседателот за тоа дека ја натерал да земе 130 000 долари и да молчи за врската за време на претседателската кампања во 2016.  

Мицкоски ги разреши Јанчев и Костадинов од сите партиски функции

Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци, потврди за „Фокус" дека на вечерашниот Централен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, е разрешен од функцијата потпретседател на партијата.

Тој најави оти утре ќе излезе со детали и официјална изјава за настанот.

И членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Костадин Богданов во изјава за „Фокус" потврди дека вечерва е разрешен од партиската функција.

– Јас не сум присутен на седницата на Централниот комитет, но претставници кои се таму ме инфомираа дека сум разрешен. Едноставно имаме спротиставени визии со Претседателот за патот по кој треба да се движи партијата и развива државата. Разликите особено дојдоа до израз во последните неколку месеци кога се актуелизира Договорот од Преспа. Според мене, тоа беше, но и се уште е, моментот во кој партијата требаше јасно и конкретно да ја покаже својата евроатлантска заложба. Јас длабоко верувам дека Македонија ќе биде просперитетна држава, членка на НАТО и ЕУ преку Договорот од Преспа. Истовремено, се залагам и ќе се залагам за модерна народна партија во која неистомилениците нема да се исклучуваат од партијата, изјави Богданов. /МИА

Трамп го укинува признавањето на трансродни лица

Администрацијата на Доналд Трамп наскоро ќе го дефинира половиот идентитет , според половите органи кои човекот ги има при раѓање.

Со тоа нема да може да се дефинираат трансродните лица . Американското министерство за здравство предлага утврдување на правна дефиниција на половиот идентитет.

,,Полот го одредува статусот на личноста како машки или женски , според непроменети биолошки особености , кои се идентификуваат во тек на раѓањето или пред тоа.” , се наведува во предлог дефиницијата .

,,Полот што е наведен во изводот од раѓање на личноста мора да претставува дефинитивен доказ за полот на личноста , освен ако не се поништат сигурните генетски докази.” се дополнува во предлогот до кој дојдоа американските медиуми .

Од јануари 2017 со доаѓањето во белата куќа , претседателот Трамп воведе низа измени на мерки кои се однесуваа на заштита на трансродните и на ЛГБТ лицата.

притисни ентер