Награда за претставата „Разговори во четири очи" на фестивалот „Московски ноќи"

Претставата „Разговори во четири очи“ на режисерката Нина Николиќ ја освои наградата на жирито за најдобра претстава на 6. Интернационален театарски фестивал „Московски ноќи“.

Претставата „Разговори во четири очи“ на режисерката Нина Николиќ ја освои наградата на жирито за најдобра претстава на 6. Интернационален театарски фестивал „Московски ноќи“, што од 5 до 9 октомври се одржа во Митишчинскиот театар за драма и комедија „Фест“ во Русија.

Во жирито на фестивалот учествуваа познати руски театарски критичари и национални уметници - Елена Шанина, Татјана Тихоновец, Владислава Куприна и Андреј Пронин.

- Изведбата на претставата се одржа на 6 октомври во полниот салон на театарот „Фест“, а македонските актери се вратија со возбуда што ја создаде приемот на претставата кај руската театарска публика. На фестивалот беа изведени осум претстави, од кои, покрај Македонскиот народен театар, учествуваа шест руски и еден театар од Казахстан, соопшти МНТ.

 „Разговори во четири очи“ е копродукција на Македонскиот народен театар и „Скопје филм студио“. Работена е по текст на познатиот филмски и театарски автор Ингмар Бергман. Досега гостуваше на повеќе театарски фестивали во Русија, Словачка, Белорусија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и во Македонија.

Во претставата играат Амернис Нокшиќи-Јовановска, Нина Деан, Петар Арсовски, Дамјан Цветановски, Дарја Ризова, Катина Иванова и Благој Веселинов. Таа е на редовниот репертоар на Македонскиот народен театар, а македонската публика ќе може да ја гледа на 25 октомври на малата сцена во МНТ. /МИА

Кој се ќе биде амнестиран за 27 април?

Кога законот за амнестија ќе се најде пред пратениците останува неизвесно.

 Иако веќе подготвен тој не е ставен како точка на пленарната седница која е закажана за понеделник. Според информациите тој треба да помине и низ партиските филтри па на почетокот на следната недела ќе се знае кога точно ќе биде обелоденет неговиот текст.

Од собраниската група за помирување велат дека во моментот траат конуслтациите во пратеничките групи и со правни ескперти, а  заклучоците ќе бидат разгледани на следната средба. Она што засега е извесно е дека нема да бидат амнестирани организаторите, извршителите на насилство и носителите на командна одговорност.

 Дел од експертите сметаат дека истражните органи досега имале доволно време за да утврдат кој се како организатор стои позади насилствата од 27 април. Поранешниот министер за внатрешни и актуелен лидер на ДС Павле Трајанов вели дека со Законот за амнестија се врши упад во судската постапка која е во тек, во ситуација кога голем дел од јавноста не се согласува со амнестијата.

Универзитетската професорка Мирјана Најчевска се согласува дека Законот за амнестија е удар врз правниот систем.

Најголемиот предмет кој се однесува на собраниските насилства од 27 април лани е во судска постапка која полека влекува во финиш. На следните неколку рочишта треба да се изведат дополнителните докази на дел од обвинетите по што се очекува судијката Добрила Кацарска да закаже завржни зборови.

Обвинителката Вилма Рускоска по последното рочиште кое се одржа вчера изјави дека не размислува за преквалификација на кривичните дела кои им се ставени на товар на 33та обвинети.

Андоновска:Нема никаква реализација на ветените проекти во здравството

Филипче и Заев да стават мораториум на сите проекти за јавно приватно партнерство во здравството, побараа од ВМРО-ДПМНЕ.

Фото: Асфалтирана улицата меѓу новите згради во Мичурин

Изградбата на улицата „Новопроектирана 8“ во населбата Мичурин, што се протега покрај улицата „Фрањо Клуз“, е во завршна фаза и деновие се асфалтира.

Новата улица е во должина од 200 метри со јавно паркиралиште, за кои Општината издвои над 8 милиони денари. „Новопроектирана 8“ доби и комплетно нова атмосферска, фекална и водоводна мрежа. Улицата и паркиралиштето ќе бидат и целосно осветлени.

Изградбата на оваа улица за граѓаните значи полесен пристап до новите згради и приклучок кон комплетно новата подземна инфраструктура.

притисни ентер