Ексклузивни гости на 37. Скопски џез-фестивал

Ексклузивност, уникатност и храбра програмска ориентација најави Скопскиот џез-фестивал за 37-мото издание кое ќе се одржува од 17 до 21 октомври на две локации во главниот град: Македонската опера и балет и Младинскиот културен центар.

- Речиси сите концерти што ја сочинуваат програмата на фестивалот се специјални и ексклузивни по својот карактер и не претставуваат дел од турнеите на музичарите. Исклучок е настапот на Дејвид Мареј квартет со Сол Вилијамс, што ќе го означи стартот на нивната европска турнеја, соопшти СЏФ.

Најдобриот британски џез-пијанист денес, Александер Хокинс, ќе дојде од  Лондон во Скопје само за еден пијано џез-рецитал. Иновативниот гитарски херој Арто Линдзи ќе пристигне од Рио, каде што живее кога не живее во Њујорк, а во Скопје ќе му се придружи норвешкиот тапанар Паал Нилсен-Лав, еден од најактивните и најпродуктивните скандинавски музичари во последните две децении.

- Од Њујорк ни доаѓа веројатно најзначајниот и најкреативниот жив музичар во светот денес, трубачот Вадада Лео Смит, за единствена европска аудиовизуелна изведба на неговото ремек-дело „Reflections and Meditations on Monk”. Ексклузивен европски настап ќе има и култната њујоршка тројка „Хариет Табман“ (Harriet Tubman), предводена од еден од водечките светски џез-гитаристи, Брандон Рос, наведува фестивалот. 

Специјален гостин ќе биде Трстон Мур - некогашниот фронтмен на „Соник јут“ (Sonic Youth) и една од највлијателните, најинспиративните и најреспектираните фигури на денешната музичка сцена.

- Со ексклузивни концерти ќе се претстават и младата скандинавска сензација, данската саксофонистка Мете Расмусен, уникатниот многуброен женски вокален состав „Трондхејм војсис“ (Trondheim Voices) со својот впечатлив аудиовизуелен перформанс, како и специјалното трио на португалската трубачка ѕвезда Сузана Сантош Силва со извонредниот холандски саксофонист, кларинетист и композитор Аб Баарс и со чикашката легенда Хамид Дрејк, најдобриот џез-перкусионист во 2018 година според списанието „DownBeat“. Од Финска, пак, за еден концерт доаѓа возбудливото и динамично џез-трио „Мопо“ (Mopo), додава СЏФ.

На последната фестивалска вечер Тони Китановски со концерт ќе одбележи  30 години музичка кариера. Тој ќе настапи прво со својот најнов проект, квинтетот „Панда 5“, промовирајќи го во живо новиот албум „Big City Scare”, а во вториот дел ќе му се придружат неколку негови музички пријатели и соработници. 

Фестивалот ќе има и богата придружна програма: доделување на наградата „Златен орикс“ за најдобар млад џез-музичар во 2018 година, промоција на албумот „Big City Scare” на „Панда 5“ - најновиот состав на Тони Китановски, како и отворање на изложбата „Духовите на Африка - ритуална западноафриканска уметност“, во соработка со Музејот на Македонија и Музејот на африканската уметност во Белград.

Во рамките на 37. Скопски џез-фестивал ќе биде промовиран и манифест на Европската џез-мрежа (Europe Jazz Network) за родова еднаквост во џезот и креативната музика. /МИА

Не му е одземен имунитетот на Вељаноски, за сега нема да оди во притвор

Комисијата за мандатно имунитетни прашања , по дводневна седница гласаше со 4: 4 гласа , така што на Трајко Велјаноски нема верднаш да му биде одземен пратеничкиот имунитет.

Членовите на Собраниската комисија вечерва гласаа со изедначен број гласови за одземање на имунитетот на пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ , Трајко Велјаноски , поранешен претседател на Собранието.

„Тоа не значи дека е одбиено и не значи дека се препорачува негово прифаќање. Оваа тема на расправа ќе биде пренесена за одлучување на пленарната седница како што секогаш се прави“, рече претседателот на киомисијата Павле Богоевски.

Богоевски истакна дека на крајот на денот за имунитетот на одреден пратеник не одлучува самата комисија туку одлучува Собранието во целина.

Во моментот на гласањето вечерва не беше присутен пратеникот од ДУИ, Агим Шаќири.

Притворот за Велјаноски го побара судија за претходна постапка од Кривичниот суд поради сомнение за организирање на настаните на 27 април 2017 , за што се обвинети и екс министрите Миле Jaнакиески и Спиро Риствоски.

На Јанакиески допонително му е одредена мерка домашен притвор , а Ристовски останува во затворот во Шутка.

Во Албанија најден арсенал со муниција од деведесетите (ФОТО)

Министерството за одбрана на Албанија соопшти дека денеска се најдени голем број рачни бомби и гранати во станбена област во градот Пуке.

Се смета дека гранатите и бомбите се украдени од воени магацини за време на грашанските нереди во 1997 , кога избија насилни протести поради измами во пирамидални штедилници.

Министерството соопштува дека при раслистување на градската управа на Пуке , град на 140 километри северно од Тирана, во дворот била најдена граната од 120 мм.

Веднаш биле повикани воени стручњаци , кои во близина нашле и 47 рачни бомби , кои според војската , претставувале сериозна  опасност.

Еден тешко повреден , шестмина со полесни повреди од невремето во Црна Гора и БиХ (ВИДЕО)

Црногорското приморје , како и Далмација и делови од Бих се зафатени со незапаметено невреме со рекордно силен ветар.

Ураганските ветришта направија голема штета и во Црна Гора , каде на места достигаа брзина и од 100 километри на час.

Во прекин е железничкиот сообраќај меѓу Никшиќ и Подгорица, поради откорнати водови , а во одделни делови енма ниту електрична енергија.

Во БиХ има и повредени од невремето. Во Мостар најамлку шест лица се повредени , меѓу кои и едно дете , на кое од силниот удар на ветрот му била приклештена раката од врата на гаража.

Во најтешка состојба е работник на бензинска пумпа во Текија, во БиХ ,  врз кого паднала даска и тој сега е во критична состојба во болницата во Требиње.

Заменик градоначалникот на Требиње Мирко Ќуриќ изјави дека во градот е направен штета од неколку милиони марки. Настрада и базенот во изградба , од каде ветрот го одвеа целиот покрив.

притисни ентер