Хамилтон триумфираше во Јапонија

 Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, победи на трка за Големата награда на Јапонија.

Актуелниот шампион беше најбрз на патеката „Сузука“ и ова за него е деветта победа сезонава или вкупно 71 во кариерата.

На втората позиција заврши неговиот клупски колега Валтери Ботас, додека трет низ целта мина Макс Ферстапен од Ред Бул.

Хамилтон останува на лидерската позиција во генералниот пласман и сега има 331 бод, додека неговиот најголем ривал во борбата за титулата Себастијан Фетел од Ферари има 264 , а денеска трката ја заврши на шестото место.

Следната трка во Формула 1 шампионатот се вози на 21 октомври за Големата награда на САД во Остин, Тексас./МИА

Се урна еден од симболите на Париз, никој не знае што се случувало ноќеска (ВИДЕО)

Едрата на познатата црвена ветерница на врвот на „Мулен Руж“, најпознатото париско кабаре, ноќеска паднале на земја, изјави портпаролот на местото на одржување.

„Не знаеме што се случило, тоа се случило помеѓу 02:00 и 03:00 часот. Никој не е повреден“, рече портпаролот, додавајќи дека последното вечерно шоу завршило во 01:15 часот, објави Индипендент.

„Мулен Руж“ на многумина им е познат како место каде се роди модерната форма на кан-кан танцот. Клубот е основан во 1889 година, а публика за неговите танцови изведби се главно туристички групи.

Рамфоса: Јужна Африка продолжува со распоредување сили во Мозамбик и Конго

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса денеска изјави дека војската на неговата земја ќе продолжи да распоредува војници во Мозамбик и Демократска Република Конго, кои се погодени од конфликти.

Врз основа на одлуката за продолжување на неопределено време во источно Конго ќе бидат задржани 1.198 припадници на јужноафриканските национални одбранбени сили (SANDF), каде се наоѓаат и дел од мировните сили на ОН кои му помагаат на Конго во борбата против бунтовничките групи, пренесуваат британските медиуми.

Во соопштението на SANDF се наведува дека 1.495 нивни членови ќе ги продолжат своите операции во Мозамбик, каде од 2021 година ја поддржуваат владината борба против насилниот екстремизам во северните области.

Распоредувањата на јужноафриканската војска во странство годинава се ставени под засилена контрола откако двајца војници на SANDF во февруари беа убиени, а тројца ранети од минофрлачка граната во Конго.

Главната опозициска партија во земјата, Демократската алијанса,го обвини Рамафоса за испраќање неподготвени сили во воената зона. /МИА

ВМРО-ДПМНЕ: Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати

Народот избра промени. Македонија повторно ќе биде горда и твоја.

Огромната поддршка на народот обврзува за промени и брзи резултати, работата не е завршена, црвениот картон граѓаните ќе го дадат на 8-ми мај.

На 8-ми мај СДС ќе доживеат уште поголем пораз, затоа што народот сака промени, и просперитет за Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на напорна работа и експресни резултати по 8-ми мај, народот мора брзо да ги почувствува промените и Македонија да тргне напред.

По 8-ми мај Македонија ќе тргне по патот на економска обнова, поголеми плати и пензии, развиена инфраструктура, квалитетно образование, здравство какво што заслужува секој човек. По 8-ми мај следува економска трансформација на Македонија.

Ги повикуваме граѓаните уште помасовно да излезат во вториот круг и да ги потврдиме промените. Народот ќе си ја врати Македонија.

Македонија повторно твоја, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер