Дете скелет, цената на војната во Јемен (вознемирувачки фотографии)

Детето е едно од пет милиони други деца кои се на чекор до смртта поради војната во Јемен

Гладно но преслабо за да плаче, ова преслабо дете е едно од петте милиони деца кои се на работ на преживување поради кризата со храна во Јемен.

Војната во Јемен е прогласена за најстрашната хуманитарна криза досега.

Тригодишниот конфликт помеѓу Јемен и Саудиска Арабија остави многу гладни и жедни жители.

Лоциран на брегот на Црвеното Море, градот Ходеида е контролиран од бунтовниците и е под блокада од Саудиска Арабија и неговите сојузници.

Невладините организации велат дека храната е “оружје за војување“ во Јемен.

Војната во Јемен започна во 2015 година и досега 10 000 цивили загинале.

Тојота потврди дека ќе прави засилена Корола

Првите луѓе на јапонската компанија потврдија дека ќе почнат со производство на силен СУВ.

Корола ГРМН ќе пристигне кон средината на годинава , но без хибриден пшогон , како што се шпекулираше.

,,Анализираме што би било најефикасно решение за европскиот пазар. Но Корола ГРМН е реална. Веќе работиме на тоа развојот да се врши  под надзор на Тојота Газу Рејсинг, оддел кој го смета развојот на Корола ГРМН во своите идни планови.” , изјави заменик директорот за дизајн на Тојота , Тошио Канеи.

Се претпроставува дека моторот ќе го движи силен бензински 1.6 литарски мотор , а со дополнителни анализи ќе се знае на кој начин ќе биде засилуван.

Времена забрана за ординацијата во која е третиран починатиот пациент од сепса

Државниот санитарен и здравствен инспекторат изрече времена забрана за вршење на здравствена дејност на ПЗУ специјалистичка ординација по пластична и реконструктивна хирургија „Др. сци. мед. К. Митаноски" во општина Аеродром.

Забраната е изречена по извршен вонреден инспекциски надзор поврзан со починатиот пациент во ЈЗУ ГОБ 8-ми Септември, кој бил третиран во операционата сала на оваа ординација.

– Во врска со случајот на починатиот пацинет во ЈЗУ ГОБ 8-ми Септември, на ден 22 и 23.02.2019 год. од страна на Државниот санитарен и здравствен инпекторат извршен е вонреден инспекциски надзор во ПЗУ спец.ординација по пластична и реконструктивна хирургија „ Др сци мед. К. Митаноски „ лоцирана во општина Аеродром. Во моментот на увидот, ординацијата е затекната затворена, по телефон е викнат сопствениокот кој е носителот на дејност согласно  решение издадено од Министерството за здравство. Истиот е пензионер и нема вработено друг кадар во ординацијата. При надзорот од страна на докторот даден е податок дека операционата сала каде е повремено му ја издава на користење на д-р Ѕвонко Николовски од ПЗУ Јанита во Скопје. Починатиот пациент е третиран во оваа сала, информираат од ДСЗИ.

Во врска со затекната фактичка состојба од страна на ДСЗИ записнички е изречена времена забрана за вршење на здравствена дејност во наведената ординација со поставување на службена лента, а за кое во наредните денови ќе следат соодветни инспекциски мерки и постапки. 

Трамп и ,,Шерлок Холмс” добија награди за најлоши филмски остварувања

Американскиот претседател Доналд Трамп и комадијата за Шерлок Холмс се добитници на филмските награди за најлоши остварувања, ,,Златна малина”.

Дури четири ,,Златни малини” доби комедијата за Шерлок Холмс во која глумат Вил Фарел и Џон Раили. Филмот ги доби наградите во категорија за најлош филм за минатата година и најлош римејк.

Раили е прогласен за најлош спореден актер во како што рече основачот на наградата, Џон Вилсон , безвезна пародија на класичната британска детективска приказна.

Златната малина , како награда спротивна на Оскарот е востановена 1980 година .

Една од овие награди освои и американскиот претседател Доналд Трамп , како најлош актер за улогите во два документарни филма ,,Смрт на нацијата” на режисерот Динеш Д’Соуза и ,,Фаренхајт 11/9” од Мајкл Мур.

Советничката во Белата куќа Келијан Конвеј е прогласена за најлоша споредна актерка , за улогата во документарецот ,,Фаренхајт 11/9”.

За улогата во комедијата ,,Среќни убиства” , актерката Мелиса Мекарти ја доби ,,Златната малина“ за најлоша главна женска улога.

Филмот  ,,Готи” за покојниот њујоршки мафијашки кум Џон Готи не доби ниту една малина , иако имаше шест номинации.

притисни ентер