Ексклузивно интервју на Мицкоски за Канал 5

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  во ексклузивно интервју за Канал 5 вели  дека нема раскол во најголемата опозициска партија.

Мицкоски говори и за актуелните прашања во однос на референдумот и договорот со Грција.

Со лидерот на најголемата опозициска партија разговараше Мирјана Трпческа. 

Сите душегрижници кои мислат дека во ВМРО-ДПМНЕ  има раскол или недоразбирања од голем размер, се лажат.ВМРО-ДПМНЕ е единствено, вели Мицкоски.

Во видеото погледнете го целото интервју.

Автобусот кој излета кај Лесковац на струшки „Еуробус" сообраќал од Битола за Виена

Автобусот со македонски регистарски таблички што излета од автопатот кај Лесковац ноќеска во 01:45 часот, е на струшката компанија „Еуробус".  Тргнал синоќа во 19 часот од Битола и сообраќал на редовната линија за Виена.

Сопственикот на „Еуробус" Џитан Истрефи за МИА изјави дека автобусот, произведен во 2006  година, редовно ги поминувал техничките прегледи.

– Испративме друг автобус и наши вработени на местото на несреќата за да ја видат состојбата и да се преземе се што е потребно. Нашите автобуси редовно се сервисираат, кај нас нема грешки, изјави Истрефи, не изнесувајќи други детали за несреќата.

Според досега објавените информации, во несреќата  загинале две жени и еден маж, а се повредени 32 лица.

Како што јавија српските медиуми, во тек е идентификација на жртвите. Четири патници се со повреди опасни по живот, и префрлени се во Клиничкиот центар во Ниш додека останатите се задржани во болницата во Лесковац.

Возачот и совозачот не се повредени, но не смеат да даваат изјави за медиуми. Тројца од патниците со тешки повреди се на интензивна нега во одделот Хирургија болницата во Лесковац додека еден е на Ортопедија. Останатите патници, – 23, се со полесни повреди.

Продолжува ли обидот за манипулација со ЗНМ?

Денес се огласи и екс претседателка на ССНМ, Тамара Чаусидис, која намерно или случајно ја доведува во забуна медиумската јавност

Имено , познатиот медиумски работник, г-ѓа Чаусидис, на чуден начин погрешно го толкува членот 34 од Статутот на ЗНМ и вели дека се броеле само оние кои ГЛАСАЛЕ.
Вчера , за Плусинфо, Насер Селмани ПОТВРДИ дека биле ПРИСУТНИ 175 а гласале 169. Дали на Насер Селмани му е познат терминот „не гласале“ или „бојкот“?
Што не им е јасно на Чаусидис и на Селмани, за да вториот си дозволи да ги убедува своите колеги  за „барање на влакно во јајцето“, не заборавајќи да ги нарече и бедни?
Членот 34 од Статут на ЗНМ е крајно јасен и прецизен и во ставот 2 вели :„ Претседателот на ЗНМ се избира со мнозинство гласови од присутните на изборното собрание.“

Значи - самиот Насер Селмани и неговото раководство, го ставиле или задржале членот 34 од нивниот Статут, во кој доминира зборот ПРИСУТНИ, волшебниот збор кој вчерашното Изборно собрание го делегитимираше!
За потсетување , зборот ПРИСУТЕН означува и се однесува на некого кој „присуствува негде, на некој настан.“

Нејасно е дали и Чаусидис е дел од некоја „игра“ или ненамерно не прави разлика помеѓу ПРИСУТНИ и ОНИЕ КОИ ГЛАСАЛЕ, па таа самата си толкува што се „смета“ а што не. 

За нејзина жал, Статут на ЗНМ е доследен,и од него произлегува дека - 86те гласа за Младен Чадиковски го прават НЕЛЕГИТИМЕН Претседател !
На потег се новинарите но и  државните институции.

Маж и две жени загинаа при превртувањето на македонскиот автобус близу Лесковец

 Маж и две жени загинаа во сообраќајната несреќа близу Лесковац во која се преврте автобус со македонски регистерски таблички, јавија српски медиуми. Во тек е идентификација на жртвите.

Четири патници се со повреди опасни по живот, и префрлени се во Клиничкиот центар во Ниш додека останатите се задржани во болницата во Лесковац.

Возачот и совозачот не се повредени, но не смеат да даваат изјави за медиуми. Тројца од патниците со тешки повреди се на интензивна нега во одделот Хирургија болницата во Лесковац додека еден е на Ортопедија. Останатите патници, – 23, се со полесни повреди, а вкупно се повредени 32 лица.

притисни ентер