Порошенко ја тужи ББЦ за клевета поради напис за средба со Трамп

Украинскиот претседател Петро Порошенко ја тужи британската телевизиска мрежа ББЦ за клевета поради написот во кој се тврди дека Киев платил за средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Во написот објавен во мај, ББЦ наведува дека поранешниот адвокат на Трамп – Мајкл Коен добил меѓу 400.000 и 600.000 од украинскиот претседател за да ја организира првата средба меѓу Порошенко и Трамп во Белата куќа во јуни 2017 година.

Според тој напис, кој се повикува на неименувани украински извори, цел на состанокот било зголемување на влијанието на Киев во Вашингтон, на тој начин што состанокот не би изгледал како куса средба, туку како „вистински разговор“.

Порошенко во тужбата наведува дека текстот е исклучително штетен, не само за неговата функција претседател на држава, туку и за неговата репутација како политичар и претприемач.

Тој бара од британската телевизија да ги демантира тврдењата и да исплати отштета за клевета.

Кој се ќе биде амнестиран за 27 април?

Кога законот за амнестија ќе се најде пред пратениците останува неизвесно.

 Иако веќе подготвен тој не е ставен како точка на пленарната седница која е закажана за понеделник. Според информациите тој треба да помине и низ партиските филтри па на почетокот на следната недела ќе се знае кога точно ќе биде обелоденет неговиот текст.

Од собраниската група за помирување велат дека во моментот траат конуслтациите во пратеничките групи и со правни ескперти, а  заклучоците ќе бидат разгледани на следната средба. Она што засега е извесно е дека нема да бидат амнестирани организаторите, извршителите на насилство и носителите на командна одговорност.

 Дел од експертите сметаат дека истражните органи досега имале доволно време за да утврдат кој се како организатор стои позади насилствата од 27 април. Поранешниот министер за внатрешни и актуелен лидер на ДС Павле Трајанов вели дека со Законот за амнестија се врши упад во судската постапка која е во тек, во ситуација кога голем дел од јавноста не се согласува со амнестијата.

Универзитетската професорка Мирјана Најчевска се согласува дека Законот за амнестија е удар врз правниот систем.

Најголемиот предмет кој се однесува на собраниските насилства од 27 април лани е во судска постапка која полека влекува во финиш. На следните неколку рочишта треба да се изведат дополнителните докази на дел од обвинетите по што се очекува судијката Добрила Кацарска да закаже завржни зборови.

Обвинителката Вилма Рускоска по последното рочиште кое се одржа вчера изјави дека не размислува за преквалификација на кривичните дела кои им се ставени на товар на 33та обвинети.

Фото: Асфалтирана улицата меѓу новите згради во Мичурин

Изградбата на улицата „Новопроектирана 8“ во населбата Мичурин, што се протега покрај улицата „Фрањо Клуз“, е во завршна фаза и деновие се асфалтира.

Новата улица е во должина од 200 метри со јавно паркиралиште, за кои Општината издвои над 8 милиони денари. „Новопроектирана 8“ доби и комплетно нова атмосферска, фекална и водоводна мрежа. Улицата и паркиралиштето ќе бидат и целосно осветлени.

Изградбата на оваа улица за граѓаните значи полесен пристап до новите згради и приклучок кон комплетно новата подземна инфраструктура.

притисни ентер