Лејвер: Ѓоковиќ ќе доминира во следните две до три години

 Легендарниот австралиски тенисер Род Лејвер смета дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе доминира на светската сцена во следните две до три години.

Ѓоковиќ во последните три месеци ги освои Вимблдон, Синсинати и Ју-Ес Опен, а Лејвер очекува најдобриот српски тенисер да продолжи со истиот ритам.

- Во овој момент мислам дека на врвот е Новак. Пред пет години тоа беше Роже Федерер, а пред три Рафаел Надал. Во следните две до три години мислам дека Новак ќе биде главен и ќе освои уште многу титули, истакна Лејвер.

Легендарниот тенисер наведе дека големата тројка – Федерер, Надал и Ѓоковиќ, долго доминитра во тенисот, но дека се уште нема нови играчи кои би можеле да ги заменат. 

Хамилтон не го достигна Шумахер, Раиконен победи на трката во Остин

Кими Раиконен е победникот на трката за Големата награда на САД во Формула 1 .

По цели 113 трки , Раиконен успеа да победи на патеката во Остин и му ја одзеде шансата на Луис Хамилтон да ја освои петтата титула по ред , со што би го достигнал Мајкл Шумахер.  Раиконен ја заврши трката пред Макс Ферстапен , кој полека ја градеше предноста и од 18 тото се проби на второто место.

Со тоа тимот на Ферари дојде до првата титула по серијата на Мерцедес и на Хамилтон. Тој имаше шанси за прво место , но Ферстапен и неговото маестрално возење , му ја одзедоа предноста.

На Хамилтон му останува нова можност за освојување на титула , следната недела во Мексико.

Тоа е тренер – преку мотивациски говор направи пресврт (ВИДЕО)

На турнирот во Москва тенисерката Дарја Касаткина беше на чекор до пораз , но тренерот направи да има пресврт.

Касаткина во финалето на турнирот во Москва губеше од тенисерката од Тунис , Онс Џабур со 0:2 во сетови , а тогаш се појави тренерот на Русинката Филип Дехес.

,,Уште си во игра , имаш десет минути за да најдеш решение . Немој да мислиш дека не е можно.” , така го почна Дехес мотивацискиот говор по кој Русинката направи пресврт и победи во финалето , со што ја освои втората титула во кариерата , а прво во 2018.

Марадона веќе не може да оди (ВИДЕО)

Легендарниот фудбалер Дијего Марадона има сериозни здравствени проблеми.

Аргентинскиот фудбалер , кој сега е тренер на мексиканскиот клуб Дорадос со години се мачи со артритисот , поради што пред Светското првентство во Русија летово примаше терапија за да ја намали болката.

Марадона деновиве е снимен како едвај се движи по теренот , на кој тренира неговиот клуб. ,, Диего не е свесен за своите години . Тој и натаму на терен излегува како да има 20 . “ вели неговиот адвокат Матијас Морла.

57 – годишниот фудбалер во последно време на натпреварите доаѓа на штаки.

притисни ентер