Загубен папагал по 4 години се вратил и го шокирал својот сопственик!

Папагалот Нејџел бил домашен миленик е еден Британец, но во еден момент папагалот исчезнал.

Папагалот одлетал од својот дом во Калифорнија во непознат правец . Неочекувано по цели 4 години папагалот Нејџел се вратил кај неговиот сопственик Дарен Чик и го шокирал, тој во меѓувреме научил да зборува шпански!!

Чик потоа открил дека британскиот акцент кој папагалот го имал исчезнал и дека сега Нејџел течно зборува шпански и редовно го споменува името Лери.

Британецот Дарен се уште не знае што се случувало со неговиот папагал во претходните 4 години.

Инаку, папагалот Нејџел го пронашла Џулија Сперлинг која потоа со помош на чипот успеала да го пронајде неговиот вистински сопственик.

Видео: Големо откритие во Египет

Египет објави дека е откриена гробница на висок претставник од Петтата династија, чии фараони владееле пред околу 4400 години.

Министерот з антиквитети на Египет, Халад ал Анани откритието го објавил на местото на гробницата, во Сакара, каде се наоѓа и славната Степенаста пирамида.

Според неговите зборови во „исклучително добро сочуваната гробница“ имало бројни статуи со различни големини и бои.

Египет во последните неколку години многу работи на промоција на своите стари и нови археолошки наоѓалишта во странските медиуми и дипломатија со што сака да привлече поголем број на туристи од целиот свет.

Градоначалниците ќе играат фудбал против министрите

 Во спортскиот центар „Јане Сандански" денеска ќе се одржи ревијален турнир во мал фудбал меѓу локалната и централната власт.

Во екипата на локалната власт се пријавени градоначалниците на повеќето скопски општини, додека во екипата на централната власт ќе се натпреваруваат министри, советници и други високи функционери.

Турнирот, всушност, се игра на крајот од традиционалниот Турнир во мал фудбал на медиумите, кој годинава се одржува по 26-ти пат (од четврток до недела) во организација на Спортско радио 90,3 ФМ.

Целта на манифестацијата, покрај забавата, е и дружење и промовирање на спортот.

Пред фудбалот на градоначалниците против министрите, во 15:00 часот му претходи уште еден атрактивен натпревар меѓу познати пејачки и новинарки. Истиот ден фудбал ќе играат и спортски легенди, полицајци, училишта, факултети и фудбалските школи.

Влезот за публиката е бесплатен. 

Камили во Лидл

Камили избегале од циркус и завршиле во Лидл

Седум камили избегале од циркус и решиле да се прошетаат до најблискиот маркет Лидл во градот Берген во Германија.

Вработените повикале полиција бидејќи не знаеле што да прават со камилите кои се појавиле во нивниот маркет.

Полицијата дознала дека камилите избегале од циркус и успеале со помош на вработените од циркусот да ги вратат назад.

притисни ентер