Кој е виновен за уривањето на рускиот авион?

Шефот на израелските воздушни сили доаѓа во Москва , Израелците со невообичаено признание се обидуваат да го разјаснат спорот.

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска испратил телеграма во Кремљ во која изразува жалење поради уривањето на рускиот воен авион над Сирија пред три дена.

Руското министерство за одбрана соопшти во понеделникот дека воениот авион ,,ИЛ-20” со 15 руски војници е урнат во ,,пријателски оган” и за инцидентот ја обвини израелската влада.

Русите сметаат дека израелските воени авиони го користеле рускиот како штит од сириските ракети. Затоа сириската против воздушна одбрана го погодила рускиот авион наместо израелскиот.

Денеска во Москва пристигна и првиот човек на израелското воздухопловство , Амикам Норкин , кој треба да даде целосно објаснување за уривањето на рускиот авион.

Русија до сега успеа да ги зачува добрите односи со Израел и покрај тоа што Москва е главен сојузник на израелските непријатели , режимот на Башар Ал Асад.

Ковачевски: Откажувањето не е опција за нас, не е време за откажување

Прес конференција одржа претседателот на СДСМ , Димитар Ковачевски.

Не се надевавме на ваков резултат , но не се откажуваме од евроинтеграцијата на државата, рече Ковачевски.

Милан по секоја цена сака напаѓач од Бундеслигата

Откако стана јасно дека Оливие Жиру ќе го напушти „Сан Сиро“, Милан е во трескавична потрага по напаѓач. Последното име интересно за „росонерите“ е Серху Гираси.

Голгетерот на Штутгарт целосно го насочи вниманието кон своите игри оваа сезона. И како да не, кога постигна 27 гола на 26 натпревари во сите натпреварувања. На високо трето место е тимот на Штутгарт.

А она што е уште поубаво за раководството на Милан е тоа што Гираси има откупна клаузула. И сосема прифатлива за само 17 милиони евра.

Секако, ова привлекува и други клубови, наводно и од Премиер лигата, на кои Милан тешко може да им конкурира кога се во прашање финансиите.

Милан бара и други алтернативи, а интересен е напаѓачот, исто така од Бундеслигата, новокрунисаниот шампион Виктор Бонифас од Баер Леверкузен. /МИА

Мицкоски: Ова е револуција на народот на Македонија, но работата не е завршена

Прењтседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес конференција рече дека народот денеска докажал дека си ја сака Македонија. 

Ветував многу работи и сите работи се случија , рече Мицкоски. Ви благодарам од срце, народе на Македонија!

Македонија денеска порача дена народот е против криминалот и корупцијата, рече Мицкоски. Резултатите ставаат простор за да бидеме задоволни , со голема историска победа . Ова е најдобриот резултат што ВМРО ја имала од позиција на опозиција. Над 600.000 гласаа против власта. Цунамито се крена и им виси на глава.

притисни ентер