Црвенковска вклучена во стручниот штаб на Вардар

 Поранешната македонска репрезентативка Билјана Црвенковска е нов член на стручниот штаб на РК вардар.

Таа ќе работи со тимот покрај главниот тренер Роберто Гарсија Парондо и тренерот на голманите Дејан Периќ.

Црвенковска досега беше на местото заменик директор во клубот каде работеше по завршувањето на професионалната кариера во 2014 година.

- Среќна сум за шансата што ја добивам и навистина се чувствувам почестена што ќе бидам дел од стручниот штаб на Вардар, односно помошник на тренерот Роберто Парондо. Ова е ново искуство и голем предизвик за мене. Ќе дадам се од себе максимално да му помогнам на стручниот штаб и на целиот тим. Знам како функционира тимот, се познаваме добро и очекувам соработка каква што и досега имав, изјави Црвенковска за клупскиот сајт на „црвено-црните“.

Вардар е првиот и единствен машки клуб во Македонија што ќе има женски тренер во стручниот штаб. 

Неверојатен резултат на кошаркарски натпревар: САД-Салвадор 114:19

На женското кадетско првенство во кошарка можеа да се видат нереални сцени од натпреварот меѓу младите Американки и Салвадорки.

На сеамериканското У-16 првенство кошаркарките на САДФ ги победија врсничките од Салвадор со неверојатен резултат од 114:19.

Кадетките на САД победија со 95 коша разлика со 33 офанзивни скока повеќе поради разликата во височина. Највисоката кошаркарка на Салвадор е Силвија Вега (184см) , а највисоката Американка е Лорен Бетс со 210 см.

Просечната височина на американските кошаркарки била 186см, дури за 14 сантиметри повеќе од Салвадорките . Натпреварот се одигра во чилеанскиот град Авсен.

Култниот италијански клуб се продава за едно евро

Италијанскиот фудбалски клуб Фоџа , кој годинава испадна од вртората и ќе игра во третата лига, од денеска е на продажба за симболична цена од 1 евро.

Семејството Санела , кое ја купи Фоџа пред две години , не може веќе да го финансира клубот и интензивно бара финансиер , кој би го вратил барем малку сјајот на стариот клуб.

Поради финансиски малверзации , Фоџа минатата сезона ја почна со казнени 15 бода во минус , што подоцна беа намалени на шест. Доколку не и беа одземени поените , Фоџа ќе опстанеше во втората лига.

Постарите ја паметат Фоџа од крајот на осумдесетите и почетокот на деведесетите години на минатиот век , кога беше хит тим на италијанскиот и европскиот фудбал.

Во тоа време италијанската лига беше најсилна на светот , а Фоџа беше еден од тимовите , кои играа одлично под водство на тренерот Зденек Земан од 1989 до 1995 година.

Македонските каратисти од Европското првенство во традиционално карате се вратија со 8 медали

Макадонските каратисти на Европското првенство во традиционално карате во Питешти , Романија освоија 8 медали од кои 3 златни, 2 сребрени и 3 бронзени.

Македонската репрезентација во традиционално карате на ЕП во Питешти, Романија имаше одличен настап освојуваќи вкупно 8 медали 3 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали.

Златните медали ги освоија Дејан Недев и Јадранка Недеви во кати за сениори, Мила Саздова во кого кумите, сребрени медали освоија Матеј Ангеловски во кого кумите и Мила Саздова во фукуго.

Бронзени медали освоија Ристо Сакалиев во кумите за ветерани и Антонија Белазелкоска во кати и фукуго во кадетска конкуренција. Европското Првенство го отвори Министерот за спорт и млади на Романија Богдан Матеи, а првенството  беше организирано на Универзитетот Питешти на највисоко ниво.

На ЕП учествуваа 387 натпреварувачи од 24 земји , соопшти Македонската карате федерација.

притисни ентер