Собранието на дневен план доставува медиа-планови за јавната пропаганда за референдумот

Согласно законските одредби, како и Правилникот за подготовка, организирање и спроведување на референдум на државно ниво, Собранието на Република Македонија е единствен носител на јавната пропаганда за Референдумот 2018. 

Собранието на Република Македонија е единствен носител на јавната пропаганда за Референдумот 2018, односно на времето определено од страна на радиодифузерите за Јавната пропаганда за референдумот, и постапува според законските прописи и според правилата донесени од страна на Координативното тело на Собранието, информираат од законодавниот дом.

- Во согласност со Одлуката на Државната изборна комисија, предвидениот медиумски простор за пропаганда се однесува на овластениот предлагач, односно Собранието на Република Македонија, велат од Собранието.

Координативното тело, додаваат, утврдува општ медиа-план за јавна пропаганда, со определување на времетраењето на медиумското преставување, согласно пропорционалната застапеност на пратениците во Собранието кои се изјасниле позитивно за учество во јавната пропаганда, и е во сооднос 59 отсто За и 41 отсто Против.

- Јавната пропаганда се води преку медиумско претставување во националните и локалните радиодифузери и преку дневните весници. Поточно, медиумите кои доставија ценовници до Државната изборна комисија во предвидениот рок од страна на ДИК. Со нив се склучени договори и до нив, на дневна основа, од страна на Координативното тело се доставуваат медиа-планови, според процентот на искажаните ставови на пратеничките групи и на пратеници кои не се организирани во пратенички групи, прецизираат од Собранието.

Газета: Конте тешко во Милан, тројца кандидати во преден план

По уште еден разочарувачки резултат во дербијата против Интер, јасно е дека Стефано Пиоли повеќе нема да биде тренер на Милан на крајот од сезоната. И тоа е можност медиумите да шпекулираат со различни кандидати.

Долго време како прв избор се споменуваше Антонио Конте. Наводно за него сериозно се залагал и Златан Ибрахимовиќ. Но, како што пишува „Газета дело Спорт“, поранешниот тренер на Интер, Јувентус, Челси, Тотенхем не изгледа како веројатна опција.

Според истиот весник, во моментов најсериозно се разгледуваат тројца кандидати. Во прашање се селекторот на Белгија, Доменико Тедеско, тренерот на Порто, Серхио Консеисао и Марко Розе.

Но, тоа не се единствените имиња во оптек. Како „втор ешалон“ кандидати сеспоменуваат и Кристоф Галтие и Марсело Гаљардо. /MИА

Канал 5 со отворено студио „Македонија одлучува“ ќе ги следи изборните резултати

Канал 5 веќе е подготвен за повеќе часовното отворено студио, кое ќе следува веднаш по овие вести..

Александар Видиновски е дел од тимот од отворената програма „Македонија одлучува“... Александар што се ќе опфати отвореното студио..

Излезноста до 17 часот повисока за девет проценти во однос на изборите пред пет години

Значително повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5..

Јован Ѓорговски ја има анализата.. Јован, што покажуваат бројките?

притисни ентер