Дали упатството на АВМУ има поголема правна сила од одлуката на Собранието?

Само што започна кампањата за референдумот Агенцијата за аудио и аудио медиумски медиумски услуги веќе почна да испраќа предупредувања до медиумите.

Само што започна кампањата за референдумот Агенцијата за аудио и аудио медиумски медиумски услуги веќе почна да испраќа предупредувања до медиумите. Според нив не се почитува максимално дозволеното време за јавна пропаганда. Агенцијата потсетува дека Упатството за медиумско претставување за време на референдум предвидува најмногу четири и пол минути на секој реален час пропаганда „ЗА“ и исто толку за пропаганда „Против“, односно вкупно девет минути на секој реален час.

Но, Канал 5 телевизија и другите електронски радиодифузери јавно прашуваат кое упатство да го следат. Дали тоа на агенцијата или на Собранието на Македонија инсистира на 59% од повластеното рекламно време? Дали Упатството на АВМУ има поголема правна сила од Одлуката на Законодавниот Дом на Македонија?

Друго прашање кое се отвора е како АВМУ дозволува рекламирање и на кампања бојкотирам во повластено време , кога за тоа не постои никаква правна основа, со оглед на фактот што опциите  кои им се на располаѓање награѓаните се  ЗА и ПРОТИВ?

За жал овој правен расчекор не и помага ниту на Агенцијата ниту на медиумите кои можат да бидат казнети само  поради нејаснотиите на правната легислатива , а најголемата штета им се прави на граѓаните, кои  заслужуваат вистинска и точна кампања имајќи го во предвид заначењето на референдумот.

Романија среде политичка криза , а за шест недели ќе раководи со ЕУ

Политичката криза во Романија , која настана поради отпорот за споведување мерки против корупцијата , дополнително се заострува иако за само шест недели оваа земја треба да го преземе претседателството со Европската Унија.

Состојбата се искомлицира бидејќи претседателот Клаус Јоанис делумно ја отфрли реконструкцијата на Валдата , што вчера ја спроведе премиерката Виорика Данчила со смена на шест министри.

Претседателот Јоанис одби да ги прифати предлозите за нови министри за регионален развој и за транспорт . Особено е чувствителен ресорот за регионален развој , бидејќи преку него се распределуваат парите од фондовите на ЕУ.

Данчила реконструкцијата ја објаснува со подготовки на Романија за претседателството со ЕУ на 1 јануари , но сепак сите тие биле критички настроени кон лидерот на социјалдемократите со кои раководи Ливиу Драгнеа .

Тој , иако неговата партија победи на изборите, не може да биде премиер , зашто во 2016 е осуден за изборни измами.

Мухамед Зекири во „Само вистина“

Зекири во „Само вистина“: Груевски правдата може да ја докаже само тука во Македонија и не може да ја докажува бегајќи.

Зекири во „Само вистина“: Груевски правдата може да ја докаже само тука во Македонија и не може да ја докажува бегајќи и оставајќи ги на цедилло останатите обвинети од случаите на СЈО. Како избега, секако имало пропусти и мора точно да се утврди која институција го направила пропустот. Одговорност мора да има, вели потпретседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зекири, кој рече „Груевски е кукавица“

Вучиќ многу добро знаел за планот за бегството на Груевски исто како и неговиот пријател Орбан. Чудно е како и тој и Мицкоски молчат за тајната средба во Белград, рече Зекири.

Мухамед Зекири во „Само вистина“ за 27 април: Можам да простам но во мое лично име, но не и во име на граѓаните.

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“ овде.

Терористички напад во Брисел – избоден полицаец со ножеви

Со извици ,,Алах акбар” напаѓач со ножеви избодел полицаец во центарот на Брисел.

Напаѓачот со два кујнски ножа мафтал пред градската управа на Брисел каде избодел полицаец . Двајца полицајци го застрелале и повредиле напаѓачот. Тој е во тешка состојба пренесен во болница.

Нападнатиот полицаец иако се здобил со расекотини по вратот не е во животна опасност и е пренесен во болница. Од обвинителството утврдуваат дали навистина станува збор за терористички напад и кои се мотивите на напаѓачот.

Тој има криминално досие за кражби и насилства . Бил во притвир од 2014 поради обид за убиство и поседување нелегално оружје , од каде е пуштен минатиот месец.

Нападот се случува за време на дводневната посета на францускиот претседател Макрон на Белгија , каде една од фглавните теми е подобрување на безбедноста и борбата против тероризмот.

притисни ентер