Николовски во Прилеп: 30 -ти септември е важен датум за земјоделците, за тутунарите, за да направиме крупен исчекор за модерно и европско земјоделство

30 -ти септември е важен датум за земјоделците, за тутунарите, за да  направиме крупен исчекор преку кој ќе дојдеме до поконкурентно производство и сигурен пласман, порача министерот Љупчо Николовски во Прилеп. 

Николовски посочи дека тутунопроизводството е една од стратешките гранки во земјоделскиот сектор кој што добива силна поддршка од Владата на Република Македонија.

„Оваа гранка носи 100 милиони евра девизен прилив .Затоа уште на почетокот на мандатот, Владата донесе крупна историска одлука за зголемување на  субвенциите, така што  како што ветивме. Оваа година го воведовме моделот на зголемено субвенционирање во три нивоа односно,  за прво ниво 80 денари субвенција, за второ ниво 70 денари и 60 денари е третото ниво за трета и четврта класа како и за дополнителни класи. Трудот на тутунарите се цени и се плаќа. На тој начин за дополнителни 5 милиони се зголемија субвенциите кои ги добија тутунарите почнувајќи од оваа прва година“, изјави Николовски.

Зголемените субвенции се исплатија навреме тогаш кога им беа потребни на тутунарите. Конкретно, 28 милиони евра се исплатија на над 26 илјади тутунари. Николовски потенцираше дека ова година се постигна и највисока откупна цена на тутунот од 217,6 денари за килограм,што е дополнителен поттик за тутунарите.

„Во овие неколку месеци меѓу првите закони кои се значајни, и кои носат позитивни мерки за тутунарите, е новиот Закон за тутун и тутунски производи, кој што е подготвен, се очекуваат последните мислења и влегува во владина процедура. Со овој нов закон од следната година, значително се олеснува административната процедура за тутунарите, нема поднесување на евидентни листови,  се создава административен софтвер во кои ќе се внесуваат податоците од страна на откупувачите“, изјави Николовски.

Министерот Николовски во рамки на посетата на Прилеп, имаше средба со градоначалникот Илија Јовановски, ја посети подрачната единица на МЗШВ, Тутунскиот комбинат Прилеп, а имаше и средби со тутунарите од прилепскиот регион.

Романија среде политичка криза , а за шест недели ќе раководи со ЕУ

Политичката криза во Романија , која настана поради отпорот за споведување мерки против корупцијата , дополнително се заострува иако за само шест недели оваа земја треба да го преземе претседателството со Европската Унија.

Состојбата се искомлицира бидејќи претседателот Клаус Јоанис делумно ја отфрли реконструкцијата на Валдата , што вчера ја спроведе премиерката Виорика Данчила со смена на шест министри.

Претседателот Јоанис одби да ги прифати предлозите за нови министри за регионален развој и за транспорт . Особено е чувствителен ресорот за регионален развој , бидејќи преку него се распределуваат парите од фондовите на ЕУ.

Данчила реконструкцијата ја објаснува со подготовки на Романија за претседателството со ЕУ на 1 јануари , но сепак сите тие биле критички настроени кон лидерот на социјалдемократите со кои раководи Ливиу Драгнеа .

Тој , иако неговата партија победи на изборите, не може да биде премиер , зашто во 2016 е осуден за изборни измами.

Мухамед Зекири во „Само вистина“

Зекири во „Само вистина“: Груевски правдата може да ја докаже само тука во Македонија и не може да ја докажува бегајќи.

Зекири во „Само вистина“: Груевски правдата може да ја докаже само тука во Македонија и не може да ја докажува бегајќи и оставајќи ги на цедилло останатите обвинети од случаите на СЈО. Како избега, секако имало пропусти и мора точно да се утврди која институција го направила пропустот. Одговорност мора да има, вели потпретседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зекири, кој рече „Груевски е кукавица“

Вучиќ многу добро знаел за планот за бегството на Груевски исто како и неговиот пријател Орбан. Чудно е како и тој и Мицкоски молчат за тајната средба во Белград, рече Зекири.

Мухамед Зекири во „Само вистина“ за 27 април: Можам да простам но во мое лично име, но не и во име на граѓаните.

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“ овде.

Терористички напад во Брисел – избоден полицаец со ножеви

Со извици ,,Алах акбар” напаѓач со ножеви избодел полицаец во центарот на Брисел.

Напаѓачот со два кујнски ножа мафтал пред градската управа на Брисел каде избодел полицаец . Двајца полицајци го застрелале и повредиле напаѓачот. Тој е во тешка состојба пренесен во болница.

Нападнатиот полицаец иако се здобил со расекотини по вратот не е во животна опасност и е пренесен во болница. Од обвинителството утврдуваат дали навистина станува збор за терористички напад и кои се мотивите на напаѓачот.

Тој има криминално досие за кражби и насилства . Бил во притвир од 2014 поради обид за убиство и поседување нелегално оружје , од каде е пуштен минатиот месец.

Нападот се случува за време на дводневната посета на францускиот претседател Макрон на Белгија , каде една од фглавните теми е подобрување на безбедноста и борбата против тероризмот.

притисни ентер