Скандал во Италија – врвна спортистка препродавала кокаин

Италијанската спортистка Мара Ромеро Борела , ММА борец, доби 26 години суспензија поради препродавање кокаин.

Борела во 2014 од италијанската антидопинг агенција доби 15 години суспензија , по што вложи жалба и продолжи да се натпреварува. Во меѓувреме жалбата и е одбиена , па спортистката нема да настапува на терените до 2044 година.

Таа учествувала во препродажба на кокаин и канабис , како и други тешки и лесни дроги заедно со своето момче , рагбистот Филипе Масерати.

Сега спортистката ја чека и друга казна , а не само спортската , зашто нејзиниот случај го презема полицијата.

Почина сопственикот на автомобилот со најголема мината километража

Во 77 година од животот почина Ирв Гордон , сопственик на Волво , кое минало неверојатни 5 000 000 километри , што е најголема забележана километража.

Ирв Гордон со својот класичен Volvo P1800 стекна светска слава кога на 18 септември 2013 влезе во Гинисовата книга на рекорди . Поточно , во книгата влезе неговиот автомобил , кој со минати три милиони милји е прогласен за автомобил со најголема километража.Ирв во меѓувреме од фабриката Волво доби како подарок 780 Coupe и нешто помалку атрактивни C70 и XC60 .

Во мај годинава Ирв со своето старо Волво извози 3,2 милиони милји , односно нешто повеќе од 5 милиони километри. Тој со Волвото ги пропатувал сите држави во САД , освен Хаваи.

Веста за смртта на Ирв ја објави страницата на Волво , а тој починал додека возел низ Кина.  

Дали кубанската убавица е причина славниот ДиЏеј Давид Гета да го напушти семејството ? (ФОТО)

Славниот француски ДиЏеј ужива во друштво со жешка Кубанка на плажа во Мајами.

Дејвид Гета ја остави сопругата и двете деца и се забавува во друштво со 27 години помладата Кубанка Џесика Ледон на плажа во Мајами. 51 годишниот Гета покажа дека е во одлична форма , додека се забавуваше со 24 годишната девојка и кученцето.  

Францускиот ДЏеј на Флорида купи луксузен стан од 9,5 милиони долари со поглед на океанот.

Планира поголем дел од времето да го минува во станот , а дугиот дел да го издава .

Атрактивната Кубанка ги привлече погледите на сите на плажата со атрактивните облини , а за неа се знае дека е актерка на почеток на кариерата , а работела и како модел.

Гета се разведе од сопругата по 22 години брак , а со неа има две деца , син и ќерка на возраст од 13 и 9 години . 

Според листата на Форбс , Гета е на трето место по заработка меѓу ДиЏеите со остварен приход лани од 28 милиони долари. 

Неверојатна сообраќајна несреќа во Австралија(ВИДЕО)

Необична сообраќајна несреќа се случи денеска во Австралија , кога камион се прекрши на мост .

Камионот со шлепер превезувал производи од перја , кога останал да виси од мосотот во државата Викторија. Поради несреќата е затворен патот и имаше сообраќаен метеж на автопатот северно од Мелбурн .

Во тек е расчистување на патот , а локалните медиуми јавуваат дека возачот на камионот е пренесен во болница со полесни повреди.

Иако не се познати деталите како дошло до несреќата , се претпоставува дека камионот ја превртел страничната ограда и се превртел , по што приколката излетала преку оградата на мостот.

притисни ентер