Силни детонации во Масачусец – најмалку еден загинат и 12 повредени во експлозија на плин (ВИДЕО)

Серија од експлозии на плин го потресоа гратчето Лоренс во американската држава Масачусец , во кои биле зафатени 40- тина куќи.

До детонации дошло во најмалку 40 куќи . Во пожарот загина еден од станарите , а 12 се повредени , меѓу кои има и со силни изгореници. Веднаш по експлозиите , полицијата им нареди ан сите жители , кои имаат приклучок на плин , да се исклучат.

Куќите во кои експлодирал плинот не се една до друга , туку на повеќе места низ градот. Како причина за експлозиите се наведува дефект на магистралниот гасовод.

Катица Јанева дојде во СЈО

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која даде оставка на функцијата, денеска се појави во просториите на Специјалното јавно обвинителство.

Нема информации зошто Јанева дошла во СЈО. Таа од минатиот вторник беше на боледување, откако во понеделникот си даде оставка на функцијата. Од тогаш не беше достапна за јавноста.

Јанева се поврзува со случајот „Рекет" поради што и беше одземен телефонот и даден на вештачење. Јавното обвинителство соопшти дека вчера бил пронајден и одземен и вториот нејзин телефон за кој се тврдеше дека е загубен. Пронајден е кај лице кое изјавило дека му бил даден на подарок. /МИА

Трамп: Кинескиот претседател Си Џинпинг се однесува „многу одговорно”

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти кинескиот претседател Си Џинпинг се однесува „многу одговорно”.

Во врска со протестите во Хонг Конг, почнати заради предложениот закон за екстрадиција што ќе овозможи жителите на автономниот регион да бидат испорачувани на судење во Кина.

-Во моментов работиме на трговските договори. Ќе видиме што ќе се случи, рече американскиот претседател пред новинарите во Белата куќа, пред средбата со пакистанскиот премиер Имран Кан.

Хонг Конг веќе два месеца е средиште на понекогаш насилни протести, Што е најголема криза откако Британците во 1997 година и го вратија овој град на Кина.

Денеска ќе се знае новиот британски премиер

Конзервативците се изјаснуваа меѓу поранешниот градоначалник на Лондон и актуелниот шеф на дипломатијата, Борис Џонсон и Џереми Хант.

Околу 160.000 членови на британската владејачка конзервативна партија вчера попладне го завршија гласањето за нов лидер на партијата, кој воедно и ќе ја наследи Тереза Меј на премиерската функција, а резултатот од изјаснувањето денеска ќе биде соопштен.

Според анкетите, Џонсон, кој вети дека Велика Британија ќе ја изнесе од ЕУ со или без договор,  е фаворит во оваа изборна трка, пренесуваат американските медиуми.

притисни ентер