Ужас на најголемото градилиште во Белград – загинаа инжинер и геодет (ВИДЕО)

Инжинер и геодет загинаа при пад од 22 кат на најголемото градилиште во Србија , ,,Белград на вода”.

Утрово во Белград се случи страшна несреќа кога двајца вработени паднаа од 22 кат на зграда во изградба. Едниот имал околу 20 , а другиот околу 40 години . Нема официјални детали за несреќата , но според очевидците пропаднала привремената плоча , поставена пред да се излее бетонската.

Загинатите се инжинер и помошник на геодетот , кои биле соработници на компанијата Страбаг .

Паднале од највисоката платформа на 22 кат , на врвот на зградата.

Од компанијата Страбаг велат дека работниците ја прошле обуката за работа на високоградба и дека ја имеле потребната опрема.

Прв пат по десет години и во Лас Вегас падна снег (ВИДЕО)

И во Лас Вегас , каде температурата ретко паѓа по 10 степени , денеска паѓа снег.

Прв пат по повеќе од еесет години падна снег во Лас Вегас . Според метеоролозите , снегот го донел студен воздушен бран , формиран на мала височина.

Предвидуваат дека во среда ќе има нови врнежи од снег во Лас Вегас.

„Само Вистина“ со Агим Јонуз и Страшо Ангеловски

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа  Агим Јонуз и Страшо Ангеловски

Ангеловски за писмото од Коневски до Мицкоски: Бидејќи искрено ме интересираат сериозни работи немам време да читам несериозни обраќања на членови на политичка партија.

Јонуз: Секој кој мисли дека има некој кој ќе почне демонтажа на нелегитимната власт е апсурд. Било кој да победи тоа ќе биде плод на исценирана работа или однапред договорена.

Јонуз: Процесот е конструктивен бидејќи за прв пат границите еднаш засекогаш се обезбедени на Република Македонија.  Сите елементи на кои темели спротивната опција кон која клони и Ангеловски се апсурд.

Ангеловски: Не знам дали се лажете себеси или ја лажете целата јавност. Албанците во 1991 го бојкотираа референдумот.

Јонуз: Среќен сум конечно зашто по 27 години државата фати курс во правец  и што нема повеќе да се занимаваме со војводи со Гоце Делчев и Скендербег.

Ангеловски: Зошто ви пречи нашето македонско минато. Зошто со цинизам зборувате за нашите револуционери и за херој на македонскиот народ.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само вистина"

Поранешната израелска шефица на дипломатијата со солзи се прости од политиката (ВИДЕО)

,,Мирот стана нечист збор, а демократијата е во опасност” , рече низ солзи израелскиот политички ветеран , поранешната шефица на дипломатијата, Ципи Ливни .

Поранешниот преговарач со Палестина , позната по своите умерени ставови, стана позната откако учествуваше во преговорите под покровителство на САД , но во 2014 тие пропаднаа.

,,Ја напуштам политиката , но нема да дозволам Израел да ја напушти надежта за мир.” , рече низ солзи Ливни на прес конференцијата во Тел Авив.

Таа го критикуваше премиерот Бенјамин Нетанјаху во врска со истрагата на државните агенции против него и неговите напади врз медиумите.

Според анкетите , на изборите на 4 април , партијата на Ливни , хатнуа , нема да освои ниту едно место во Парламентот.

притисни ентер