Со посебен софтвер ќе се следи како се трошат парите за рамномерен регионален развој

 Владата со софтверско  решение ќе утврдува колку и како се трошат парите што се наманети за обезбедување регионален рамномерен развој. 

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев истакна дека со организиран пристап ќе се врши рамномерна распределба на средствата во регионите. Доколку не се преземат мерки за надминување на разликите во нивниот развој, како што оцени денеска, во државава ќе има три големи градови во кои сите ќе сакаат да живеат, а останатите ќе бидат празни.

- Ако денес сакаме да видиме информација дали одвојуваме доволно средства како што кажува и законот, односно еден отсто од БДП за рамномерен регионален развој, не можеме да видиме дека е тоа така бидејќи тие средства се распределени по сите институции и не можеме да видиме дали навистина тие средства се одвојуваат или не. Со овој софтвер ќе ја знаеме бројката на средства и како се распределени, рече Анѓушев.

ИТ алатката ќе се изработи во соработка со швајцарската Влада како дел од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ што ќе се спроведува до крајот на 2020 година. Формирана е проектна единица која ќе подготви документација и ќе распише постапка за избор на компанија која ќе го изработи софтверот.

- Не смее да се повтори ситуација во која во град Скопје ќе потрошиме 800 милиони евра за да направиме супер модерен град, барок итн, а притоа само 18 проценти од државата да биде покриена со канализациски систем, или пак да направиме систем како „Злетовица“ во кој сме потрошиле 100 милиони евра, но не сме прилагодиле општините да ја користат таа вода и сега системот не е функционален, таквите грешки не смееме да ги повторуваме, укажа Анѓушев.

Како што нагласи амбасадорот на Швајцарија во Македонија Стефан Томаџан, проектот е продолжение на активностите што со поддршка на швајцарската Влада се спроведуваат во државава од 2012 година.

- Потребно е да се алоцираат буџетски средства согласно потребите на планските региони, меѓутоа потребно е подеднабвао и поефиаксно баначнсирано финансирање како на хоризонтално така и на вертикално ниво во тек на подготвување и спроведување на националните програми за развој. Потребно е исто така подобрување на механизмите за идентификување и мониторирање на финаниската распределкба и другите мерки за поддршка и за спроведување регионални проекти, рече Томаџан.

Според министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, новиот систем треба да обезбеди знајчајни и навремени информации за сите носители на регионалниот развој. - Важно е што ќе се обезбеди вклучување на граѓаните во определување на приоритетите во планските региони согласно нивните потреби, рече Фазлиу.

Тој очекува ефекти од проектот уште следната година, за кога најави дека Министерството за локална самоуправа ќе почне подготовка на стратегија за регионален рамнорен развој, како десетгодишен плански документ.

Трагедија во Австралија: Десетици китови се насукаа на брегот, спасувачите немоќни (ВИДЕО)

Околу 140 пилот-китови се насукаа денеска на западниот брег на Австралија во близина на градот Дансборо, додека најмалку 26 веќе угинаа пред властите да успеат да ги спасат.

„Нашиот тим моментално ја проценува состојбата на китовите на плажата, а тимовите на вода се обидуваат да ги задржат животните заедно и подалеку од плажата“, соопшти австралиската управа за биолошка разновидност, според Асошиејтед прес.

Регионалниот офицер за заштита на дивиот свет, Пиа Куртис, рече дека за жал, исходот за пилот-китовите генерално не е добар на плажата бидејќи многу од животните умираат.

Надлежните ги повикаа граѓаните да не се обидуваат да спасуваат животни без инструкции од стручни лица, бидејќи во спротивно може да предизвикаат дополнителни повреди на животните и да го отежнат нивното спасување.

Овие китови се групирани на четири места оддалечени неколку километри.

Јатата на пилот китови, т.н. затоа што се верува дека сите следат еден „пилот“, може да се движат од 10 до над 100 животни и живеат неразделно, што може да е причината за нивната добро позната тенденција да се насукаат на плажа , пишува магазинот BBC wildlife.

Халил ал-Хаја: Хамас е подготвен на примирје со Израел во случај на „решение со две држави“

- Ако не сме убедени дека војната ќе заврши, зошто да ги предадеме затворениците?, праша Ал Хаја.

Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Халил ал-Хаја изјави дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку биде воспостаена палестинската држава со границите од 1976 година, што претставува познато „решение со две држави“.

Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, нагласи дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот Брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.

Тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено и оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.

– Израелските сили не уништија повеќе од 20 отсто од силите на Хамас. Ако не можат да го докрајчат Хамас, кое е решението? Решението е договор, изјави Ал Хаја.

Хамас, како што наведе, направи отстапки за време на преговорите со Израел, но нема да се откаже од барањето за траен прекин на огнот и целосно повлекување на израелските војници.

- Ако не сме убедени дека војната ќе заврши, зошто да ги предадеме затворениците?, праша Ал Хаја. /МИА

Се урна еден од симболите на Париз, никој не знае што се случувало ноќеска (ВИДЕО)

Едрата на познатата црвена ветерница на врвот на „Мулен Руж“, најпознатото париско кабаре, ноќеска паднале на земја, изјави портпаролот на местото на одржување.

„Не знаеме што се случило, тоа се случило помеѓу 02:00 и 03:00 часот. Никој не е повреден“, рече портпаролот, додавајќи дека последното вечерно шоу завршило во 01:15 часот, објави Индипендент.

„Мулен Руж“ на многумина им е познат како место каде се роди модерната форма на кан-кан танцот. Клубот е основан во 1889 година, а публика за неговите танцови изведби се главно туристички групи.

притисни ентер