На делот на интернет , на кој се вршат незаконски активности , т.н Дарквеб се појави уште еден огромен контингент со лични податоци за продажба .
Податоците биле украдени од 24 големи американски компании.
,,Техкранч” и ,,Форбс” објавуваат дека станува збор за нови 127 милиони хакирани профили , кои ги продава иста личност или група , а се кријат зад името "gnosticplayers".
Тие бараат 14 500 долари во биткоини , што е занчително пониска цена од онаа за претходната група податоци.