Откриен најстариот човечки цртеж на карпа

Научниците тврдат дека го откриле најстариот цртеж направен од човек , што е најден на карпа во Јужна Африка.

Археолозите веруваат дека е пронајден најстариот човечки цртеж во пештерата Бломбос , источно од Кејп Таун .

Цртежот на карпа датира од пред 73 000 години и дава слика на тоа како размислувале нашите најстари претци. Делот од карпата е најден заедно со остатоци од други камења со цртежи на нив , кои биле изработени во камениот период. Научниците , по завршените анализи откриле дека цртежот бил направен рачно со окер креда.

До сега археолозите сметаа дека најстарите цртежи на луѓето од каменото време датираат од пред 40 000 години, се додека првите луѓе не ја населиле Европа. Оваа теорија била побиена со наодите во мароко и во Индонезија , кои потекнуваат од многу порано.

,, Ова покажува дека праисториските луѓе во јужниот дел на Кејп користеле различни техники за да направат слични знаци на различни предмети.” , изјави професорот Кристофер Хеншилвуд , кој раководи со проектот и ја истражува пештерата Бломбос од 1991 година.

Денеска ќе се знае новиот британски премиер

Конзервативците се изјаснуваа меѓу поранешниот градоначалник на Лондон и актуелниот шеф на дипломатијата, Борис Џонсон и Џереми Хант.

Околу 160.000 членови на британската владејачка конзервативна партија вчера попладне го завршија гласањето за нов лидер на партијата, кој воедно и ќе ја наследи Тереза Меј на премиерската функција, а резултатот од изјаснувањето денеска ќе биде соопштен.

Според анкетите, Џонсон, кој вети дека Велика Британија ќе ја изнесе од ЕУ со или без договор,  е фаворит во оваа изборна трка, пренесуваат американските медиуми.

Царовска ќе разговара со директорите за зголемување на платите на вработените во градинките

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска ќе се сретне со директорите и вработени во детските градинки. 

Царовска ќе разговара со директорите за зголемување на платите на вработените во градинките информираат од ресорното министерство.

Самостојна изложба со иконографскa резба на Мирче Аврамоски

Прва самостојна изложба на иконографска резбарија на Мирче Аврамоски ќе биде отворена вечерва во Уметничката галерија во Тетово.

Ќе бидат претставени 40 икони изработени со резба на ореово дрво кои се дело на 34-годишниот Аврамоски.

Иконите ќе бидат изложени една недела, односно до следниот вторник, 30-ти август. /МИА

притисни ентер